Канал 5 се пофали со нова водителка – македонската пејачка ќе се проба и во телевизиските води

Кога ќе се спомене името на Кристина Димитријевска, тогаш сигурно ќе се сетите на девојка која го успеа да се изб ори и да си го најде своето место на музичката естрада.

Нејзината соработка со ДЈ Боно и донесе стотици настапи по клубовите во текот на целата година и низ цела Македонија. Но неодамна, Кристина сподели дека ја завршија соработката и таа продолжи по својот пат.

Инаку, Кристина е поранешен модел, добитничка на повеќе награди за Мис,а многумина ја паметат и како поранешна сопруга на Даниел Кајмакоски.

„На темата љубов можам да кажам дека јас носам многу љубов во себе и несебично ја внесувам во работата, пријателите, семејството… А доколку имам машка љубов покрај себе, јас сум два пати повеќе мотивирана, заштитена, чувана како принцеза“.

„Како мала тренирав ка рате, и кога некое машко ќе ми кажеше дека сум убава, јас го теп ав. Тоа ми беше пони жување, не смееше тоа да ми го каже. Потоа со татко ми почнав да гледам избори за убавина и тој ме научи дека треба да бидам женствена“, открива манекенката Кристина Димитријевска во едно интервју за Репортер.

Мора навистина да ја пофалиме оваа млада девојка затоа што покрај многубројните обврски со кариерата, таа се пробива и во нова професија.

Имено, по најавата дека Ведрана Ѓоргевиќ ќе ја напушти Канал 5 и емисијата „Г Карпет“, водителките се менуваат скеоја недела, а оваа неделната емисија ќе биде токму со Кристина Димитри.

Тоа го објавија и од Канал 5 ТВ: ашата пејачка, поранешен модел Кристина Димитри ќе имате можност оваа недела да ја видите како домаќинка на „G CARPET”.„G CARPET” недела во 19:30 часот на Канал 5