Кога луѓето ќе слушнат како се викаат овие браќа остануваат во неверување, наставничката е изненадена, но мора да прифати

Не е реткост родителите често да избираат имиња за своите деца по идоли, познати личности и ликови од популарни романи, филмови или серии.

Поради нивната допадливост или верување дека нивните наследници со името ќе ги „влечат“ карактеристиките и славата на познатите имењаци.

Така, Кристијано Роналдо и Лео Меси, освен во земјите од шпански и португалски јазик, каде што овие имиња на познати фудбалери се вообичаени, растат и на Балканот, што веќе ги направи ѕвезди низ регионот.

Кристијано Роналдо и Лео Меси Стојановиќ имаат девет години, живеат во Славонски Брод во Хрватска и ги добија своите имиња затоа што нивните татковци се страсни навивачи на Барселона и Реал Мадрид.

„Јас и брат ми навиваме за тие клубови. Кога жена ми остана бремена, веднаш решив да го именувам син ми Лео Меси, брат ми исто така реши син му да се вика Кристијано Роналдо“, вели таткото на Лео Меси, Жељко Стојановиќ.

Меси е срамежлив, Роналдо не, Лео има подобар шут, а Кристијано е подобар техничар. Кога ќе пораснат, би сакале да бидат фудбалери и да ја стекнат славата на нивните имењаци.

„Лео Меси е добар со мене како пријател, но и како играч“, вели Кристијано Роналдо за својот брат. Секако ова привлекува голема слава за децата.

Кога се читаат нивните имиња на турнирите, сите се во неверување. Така било и на училиште, каде многумина останле со подотворени усти.

“И наставничката беше малку изненадена од каде ни дојде идејата да дадеме такво име. Само рековме дека така решивме и тоа беше тоа.

Додека имаше Ел Класико и додека Меси беше во Барселона, а Роналдо во Реал Мадрид. Сите се собираме, јас навивам за Барселона, брат ми за Реал Мадрид и гледаме заедно. Ќе има расправии, но повеќе навивање“, додава Жељко.

Бидејќи и двете момчиња тренираат фудбал и имаат големи соништа, може да се случи еден ден Кристијано Роналдо и Лео Меси всушност да играат за хрватската репрезентација.