Комбе со кое се превезувал македонски кошаркарски тим вечерва доживеал сообраќајна несреќа – мечот одложен

Вечерва ни пристигна вест за сообраќајна несреќа во која било вклучено возило со кое се превезувала спортска екипа.

Именот крајот на плејаутот е пролонгиран за еден ден откако екипата на Куманово поради проблеми не успеа денеска да стигне до Струмица каде од 19:30 требаше да се сретне со истоимениот тим.

Според информациите од клубот на комбето со кое се превезувале кошаркарите пукнала гума по што имало судир со банкината додека возачот успеал да го запре и да го смири.

Првичните информации велат деак за среќа, се поминало без последици, а ниеден од експедицијата на Куманово не е повреден.

Натпреварот е презакажан за утре од 16:30 часот и со него официјално ќе заврши овој дел од Првата македонска кошаркарска лига.