Конфекција од истокот на Македонија ќе вработува работници од Непал

Модната конфекција „Мода “ од Свети Николе има понуда за увоз на работници од Непал, со што потенцијално е првата конфеквција во државата која проблемот со недостиг на работници може да го реши со увоз на работна сила од Азија, изјави управителот Ангел Димитров:

Неколку агенции преговараат и регрутираат странски работници, кои се заинтересирани да работат во земјава. Таква понуда за странски работници од Непал, пристигна и до нашата компанија, истакна Ангел Димитров, управител на МК „Мода“ – Св. Николе.

Ургентната потреба од работна сила ја потенцира и Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.

Угостителството и хотелиерството заедно со градежништвото се пред колапс, токму поради недостаток на работна сила. Годишно,овие два сектора губат по 3.500 вработени, изјави Бошков.

Регрутираните работници од Непал но и земји како Бангладеш, Филипини, Пакистан и други просечно имаат трипати помал животен стандард од нашиот, што значи дека ангажманот овде за нив е исплатлив.

На Македонија, спород зборовите на вицепремиерот Фатмир Битиќи, реално годишно и недостасуваат по 10.000 работници од сите профили и тоја најави брза либерализација на пазарот на труд.