Коста Костадинов се огласи за првпат откако се објави дека ја раскинал свршувачката

Како што е познато деновиве медиумите се исполнети со написи за Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов поради тоа што ја раскинал свршувачката со својата поранешна свршеница Марија Десанова.

Имено Костадин ја побара за жена Марија на 15 јануари 2021 година, односно пред околу две години.

Инаку, во јануари, 2021, тогаш триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадиновски, преку својот фејсбук профил го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова.

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

На прашањето на ,,Фокус” околу темата која е актуелна деновиве, дека ја раскинале свршувачката со Марија, тој не сакаше да открива детали.

-Темата е навистина приватна, не би ја коментирал – кратко одговори за Фокус.мк