Ламбе отворено прозборе за деновите минати зад решетки – откри дали имал посебен третман

Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.

Меѓутоа, после неколку години Ламбе одлучи да се врати во татковината и продолжи да живее овде. Во тој период беше исклучително активен во емисиите, но вниманието го привлече со еден настан.

Имено, тоа е веќе добро познатиот настан, а тоа е случајот со бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.

По признавањето на делото, доби условна казна притвор од шест месеци доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Ламбе беше гостин во емисијата Ти реков ми рече каде покрај останатото, искрено проговори за случајот – зошто го направил тоа, но и како поминал во притвор.

– Морам да кажам дека беа коректни и професионални, немаше некои притисоци. Тоа беше еден стварно краток период, но за мене долг, бев едно 5 дена како 5 години да беа. Ужасен период, искуство ново.

Тоа се случи многу свесно, тоа беше излив на емоции, чувства кои беа во мене собрани со години. Немам врска со политика ниту нешто, сето тоа беше најприродно, најприроден потег на човек кој е патриот.