Лила пак се огласи за бoлeстa: Жалам што не можама

Пред неколку дена познатата македонска водителка и инфлуенсерка, Лила Филиповска за првпат јавно проговори за тешкиот период кој го минала изминатата година.

Таа откри дека се соочила со ка нцер на дојката поради кој имала голема неизвесност и предизвик, а сега повторно се огласи на својот инстаграм профил на оваа тема:

Eве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје.

А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо !!! Ама кога го имаме често забораваме да го цениме.

Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува… затоа секогаш биди љубезен барем тоа е бесплатно.

Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби.

Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат се со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото ….

Затоа што во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое з ло па и со ова. Ве сака ваша Лила.