Лила распали како никогаш досега: Мизерии едни мизерни, вие имате ли барем малку мозок

Познатата македонска новинарка и инфлуенсерка, Лила Филиповска се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени!

Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави!

Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!!

Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли?

Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате од вратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа!

Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен ш ок, преживува тр агедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни

Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга! Оставете девојката да по чива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба.