Лила Филиповска открива што и рекол нејзиниот психијатар

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Повеќе од една деценија секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Особено станува збор за нејзиниот инстаграм профил кој е еден од најголемите и најактивните во нашата држава.

Па така во опцијата стори, таа сподели интересна порака во која што Лила вели:

Мене мојот психијатар ми рече дека вие не постоите