Лила Филиповска ја откри причината за болеста, а упати моќна порака до сите кои се соочуваат со истото

Неодамна, една од најомилените и најпознати македонски водителки Лила Филиповска, обзнани дека извесен подолг период се соочувала со тешка бо лест.

Иако се оп ерирала уште на 20ти декември 2021та, целиот период Лила не престана да работи, како вистински професионалец не дозволи никој да забележи со што се соочува.Лила имаше интервју за Бекстејџ во кое кажа:

– Се чувствувам одлично, феноменално, победнички и така натаму.Бидејќи мојата работа е таква каква што е, јас тоа занм да го работам, уживам во тоа и велам, не можеш да бираш, ќе дадеш се од себе.Кога не ми е добро сум дома, кога ми е добро си излегувам нашминкана. кога останав без коса на време си купив перика.

За мене е комплимент кога ќе ми кажат леле луѓе не знаевме. Па, тоа беше целта, не дека јас криев, туку не сакав додека трае процесот на лечење јас да си губам енергија објаснувајќи им на останатите бидејќи има луѓе кои се љубопитни.

Најбитно е само во својата глава да си ставите „Јас од ова ќе излезам како победник“. Јас велам: Или ме сакаш или не ме знаеш. Со никого не се натрпеварувам, ни некогаш сум се натпреварувала, единствената со која се натпреварувам сум јас самата.

Имам нов имиџ, похрабра сум, посилна сум. Кога ќе добиете дијагноза, не паѓајте во несвест, леле зошто мене, така требало да биде, да внимавате соемоциите. Боле ста не е ништо друго туку една емоционална тра ума.

Јас знам кај мене како резултат на што е. Јас имам стрес цел живот, доволно е да се каже – мајка со дете, факт е дека моите родители ми беа огромна поддршка, имам и пријатели.Меѓутоа, пред да станам тоа што сум и подобро да заработувам, нонстоп сум имала стрес што ќе му пружам јас на ова дете.

Меѓутоа, на прво место овде беше тагата по загубата на мојот татко. Јас не ни успеав да се справам со тагата, едноставно од оваа дистанца велам, дали дека не очекував, мислев дека ќе живее вечно, дали дека беше моја најголема поддршка…

Тагата јас ја чувствувам се уште и мислам дека тргна се од таа тага, па се надоврза од еден неверојатен стрес на сето тоа, и јас, просто знаев дека некаде ќе избие.

Јас многу ретко плачам, затоа давам совет плачете, плачете подобро е да се исплачете, да го кажете проблемот. Јас не кажувам, така двајца тројца а може и на никого да не кажам. Значи се чуваш во себе.

Јас немав глас, и пак, и пак, во себе – значи таков човек сум. Сакам да кажам да внимаваат на емоциите колку можат, едноставно животот е тоа.

Да не се правиме многу храбри, кога ни се плаче да плачеме, кога ни се вришти, да вриштиме, помош да побараме, да си ја кажеме ма ката, да се напиеме апче.

Втора работа, дошла дијагнозата – не размислуваме дека ќе ум реме. Секогаш кажувам – духовната димензија е многу побитна и од протоколот на лечење и од докторите и од се. И не можеме да се лечиме во средина во која сме се разб олеле – тоа е многу битно.

Јас имам овоземска мисија, да помогнам кому можам, колку можам. За мене тоа е успехот. Едноставно мојот живот доби поинаква смисла, објаснува Лила за Бекстејџ.