Лола видела девојка како лежи на шини додека воз се приближува накај неа – тоа што го направила тешко дека друг би се осмелил

Веста за тра гедијата што беше спречена пред десетина дена на пругата Краљево-Рашка, кога машиновозачот во последен момент го запре возот пред млада жена која се обиде да си го одземе животот, ја пренесоа сите балкански медиуми.

Речиси филмската приказна што се случи во Рашка на 20 јануари ја откри хероината која го спаси девојчето, Лола Пузовиќ Вуловиќ.

„Фала му на Бога што девојчето остана живо. На 20 јануари одев по патот, а потоа забележав девојка која чекореше толку чудно и беше цела депре сивна.

Таа беше исцрпена, нервозна и само гледаше во нејзиниот телефон. Бев таму некаде пола саат, а потоа отидов до дома да се напијам вода.

Потоа настана гужва, се дереше, група деца викаа дека ќе ја прегази воз.Го грабнав телефонот се јавив на 911, полиција, кој и да е, но мозокот ми се блокираше и останав без здив. Стоев на шините и мавтав“, се сеќава Лола.

Тогаш, вели таа, возот бил на околу 150 метри од неа, а девојката која исто така стоела на пругата била на уште 100 метри.

„Благодарание на возачот, тој беше присебен и почна да кочи, застана на околу 30 метри од неа и преку прозорецот ја предупреди да се тргне од патот.

Мило ми е што се помина како што треба и што немаше никакви последици, во еден момент помислив дека јас и таа ќе бидеме газени.Фала му на возачот до бескрај“, вели Лола.

„Се изгубив, моментално не се сеќавав на ништо, дали да се симнам од шините или да одам заедно со неа. Жал ми беше што згаснува млад живот, можеби е нечија мајка, тоа е дете на нечии мајка и татко ми беше толку тешко и бев целосно изгубена“, вели Лола.

Таа додава дека младата жена имала среќа што Лола истрчала од дома благодарение на децата од соседството кои викале.