Македонија завиена во црно: Денес на Задушница страшна несреќа однесе три животи

Три починати лица е црниот биланс од тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Штип – Миладиновци, кај Три чешми.

Според информации од СВР Штип во несреќата учествувале две возила, на местото на настанот починати се две женски лица, 62-годишна жена и малолетно девојче на 15-годишна возраст, а во КБ Штип починало уште едно женско лице на 37-годишна возраст.

Повредени со тешки телесни повреди се најмалку четири лица кои се пренесени во штипската Клиничка болница.

На терен се и екипи од Територијалната противпожарна единица.

Причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат во увидот кој го вршат екипи на СВР Штип.

Автопатот Штип – Миладиновци во правец кон Скопје е затворен за сообраќај, а полициски службеници ги пренасочуваат возилата по стариот регионален пат.