Македонија тагува: Го загуби еден од најпознатите и најдобри актери

Претпладнево се раши вест која растажи многумина во Македонија, особено неговите фанови.

Имено Димче Мешковски, познатиот македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист се упкои.

Во „Викенд на мрт овци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други….

Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мрт овци“).

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.

Првичните информации велат дека тој се упокоил во својот дом, каде што одмарал во присуство на својата сопруга.

Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.