Македонската инфлуенсерка по 10 месеци излезе од притво во Грција, па сега има важна порака до сите девојчиња кои користат Инстаграм

Сигурно многумина се сеќаваат минатото лето кога беше објавено дека во Грција, на еден од најелитните острово Миконос беше уапсена македонска инфлуенсерка.

Стануваше збор за Оле Петрова, ќерка на поранешен пратеник и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објави тогаш весникот „Прото тема“, покрај 21-годишната инфлуенсерка уапсени се и двајца мажи на возраст од 34 и 35 години.

Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога.

Како што соопшти грчката полиција, по темелна полициска истрага било разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос. Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги.

Оле по 10 месечен притвор во Грчкиот затвор во Атина, на 08.05.2023 година, со пресуда на Грчкиот суд е ослободена од сите обвиненија.

По голготата таа сега е во Македонија, во домот во Скопје, и има една важа порака за сите девојки кои користат Инстагра.

– Со мојата фамилија и пријатели следниот период ќе го искористам во укажување како една нормална девојка од нормална фамилија може да заврши во затвор без докази и поради дружење со погрешни луѓе, како опомена за сите млади девојки кои го користат Инстаграм за запознавање со момчиња, вели за Курир.мк