Македонците во Австралија сплотени како никогаш досега – пред светот покажаа што значи да си Македонец

Во текот на 4 дена исполнети со манифестации и музика, вкусна храна, танц и уметност на фестивалот „WOMAD“ во Аделаид настапи имаше и македонскиот фолклорен ансамбл „Слобода“ во придружба на групата „Гости“ и кореографот Јорго Капорис од Сиднеј.

– WOMAD фестивалот се одржа баш во Аделаид сега овој изминат продолжен викенд 4 дена од 10ти до 13ти март кој дури имаше 110.000 посетители.

Сите овие денови беа комплетно распродадени картите. Не можеше да се најде карта за истиот. Баш ни беше задоволство што сме дел од овој настан.

Улогата на нашиот ансамбл беше да ги придружува групата „Гости“, да играме на песните и да ги учи посетителите како се играат нашите ора.

„Гости“ имаа задачи да свират, а ние заедно со Јорго кореографот имавме задача да играме. Настапивме со три ора тоа се пајдушкото, малешевеско и црногорка. Кореографот Јоргос одлучи за овие три ора затоа што се многу автентични и уникатни.

Нашиот ансамбл сега е побогат со три нови кореографии и се надеваме дека ќе ги прикажеме во нова прилика. Ова доживување го гледав исто како да го освоивме светот со нашата култура, музика, песни и ора.

Имавме вистинска можност да му покажеме на светот кои сме ние Македонците. Дефинитивно ова е искуство кое ќе го паметиме цел живот и се надеваме дека ќе имаме прилика повторно да го направиме истото.

Добивме многу позитивни реакции. На фестивалот имаше голем број на Македонци од Аделаид, но и дојдени од Мелбурн. Имаше гостинка во публиката со македонско потекло која дојде да ни каже колку е среќна што се свири македонската музика.

Овие се тие моменти коишто не поврзуваат сите нас и дефинитицно овие денови нема да се заборават, објаснува Ива Дуровска, член на ансамблот „Слобода“ за радио СБС на македонски.