Марија од Гиновци: Бурек никогаш не сум пробала, не знам како изгледа, берам шипинки за да преживееме

Драган Тодоровски со сопругата Злата и своите пет деца живеат тежок живот во село Одрено, Гиновци. Старата куќа им се з аканува дека ќе ги затрупа а новата е недоправена и во фаза на карабина.

Во неа освен кревети нема ништо друго. Дополнителен проблем е и невработеноста на ниту еден член од ова големо семејство.

Единствен приход им е само сумата која ќе ја заработат доколку одат во планина за да наберат шипки. Најтешко е во зима, велат тие.

Како млад човек тој печалел во туѓина но ни на крај памет не му дошло дека ќе дојде до ова дереџе и ќе трепери за леб.

Еден не среќен случај кога бил во туѓина, поточно Русија ќе направи пресврт во неговиот живот, тој ќе преживее а неговите колеги ќе заминат во вечност, но таа не згода ќе остави траги за цел живот.

Како што вели Драган нема поголема бо лка од тоа да немаш на детето да му овозможиш пристоен оброк и да му дадеш да јаде.

Нивните деца освен компир, грав и сув леб не знаат за ништо друго, нова облека од продавница не облекле никогаш, а својата сторија ја раскажуваат пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Живееме параелелно во старата куќа и оваа, но оваа нема никакви услови, освен кревет, бидејќи е само карабина, во старата куќа животот ни е под знак прашалник, вели сопругата Злата.

– Ќе бидам радосен ако денес донесам 700 денари собирајќи шипинки по планината, врзуваме едвај крај со крај, не знам до кога вака.

– Печалев во Русија, но една не згода ќе промени се, нема да бидам способен за некоја посериозна физичка работа, додава Драган.

– Ќе земам некој денар и веднаш ќе одам да купам брашно и зејтин, и децата ги ангажираме, мораме бидејќи излез немаме.

– Немаме ниту бања, се бањаме во корито, загреваме вода, немаме ниту тоалет внатре, условите не се хумани, вели со горко срце Злата.

– Не ми дават социјална помош бидејќи сум имал земјиште на мое име, но таа земја не е обработлива, тоа не го разбираат.

– Ми бараат кифла или смоки, но од каде да им дадам, тие пари одат прво на брашно па после друго, на училиште им давам понекогаш по 20 денари.

– Моите другарчиња на училиште јадат бурек, носат храна од дома, но јас не сум јадела бурек до сега не знам ниту како изгледа, берам шипинки да преживееме вели малата Марија.

– Пишувам и учам со помош на една ламба на батерија, тешко е но немам друг излез, вели оваа храбра мала девојка која доста млада ја искусуила горчината на животот.

– Кога би можеле да ни се средат собите, да ни се помогне малку, и би сакала да пронајдам работа некаде. Имам завршено средно образование, вели Злата.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 078 767 248 или на трансакциската сметка 320500029736495 Драган Тодоровски