Марија Шерифовиќ откри со што ќе се занимава по пензионирањето, музиката не е опција

Општо познато е дека Марија Шерифовиќ веќе долго време е на сцената и важи за еден од најдобирте вокали на Балканот со моќен и продорен глас.

Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија”

Каде што со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Марија Шерифовиќ постигна успех на домашната естрада со кој ретко кој може да се пофали, но се чини дека училишните денови не и поминале баш како што сакала.

Пејачката основно и средно училиште завршила во родниот Крагуевац, што очигледно и било тешко. Не сакала да оди на часови, па во четврта година средно едвај ја завршила годината.

Како што се гледа во нејзиниот годишник од Првата крагуевачка гимназија, Марија не ја завршила успешно годината и поради тоа наставно-научниот совет ја упатува да полага класен испит по дури четири предмети.

Но затоа нејзините концерти се распродаваат како од шега во рекорден рок, па мора да закажува 3, 4 па и 5 концерти во низа во еден ист град.

Ако се суди според последната објава на социјалните мрежи Марија открива што би работела откако ќе заврши со пеењето.

Марија Шерифовиќ е докажан љубител на кучиња, а таа љубов планира да ја претвори во бизнис. На нејзините официјални профили на социјалните мрежи често може да се најдат содржини поврзани со кучињата,

A овој пат на свој карактеристичен и хумористичен начин изјави дека веќе ја одбрала својата омилена дејност за пензионерските денови.

Со цел приближно да се доближи како изгледа нејзината работа од соништата, Марија искористила видео кое деновиве кружи на социјалните мрежи на кое се гледа автобус полн со кучиња.

Возачот редовно ги обиколува станиците, а кучињата трпеливо чекаат да се отворат вратите и автоматски ги заземаат нивните места.

,, Јас како пензионер ќе го возам овој автобус“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил, а дали тоа ќе се оствари останува да видиме.