Марко дава плата од 850 евра, но вели дека никој не сака да работи

Земјоделството е една од најстарите дејности во светот, но и денес е една од најпредизвикувачките работи која бара доста труд и волја.

Тоа го потврдува и Марко Рос, земјоделец од Ново Село, кој истакнува дека во денешно време е тешко да се биде земјоделец.

„Цените на земјоделските производи постојано се менуваат и кај нас и во околината, што се одразува на профитабилноста на бизнисот.

Исто така, постојано се менува и понудата на семиња, препарати за хемиска заштита, суровини, за што е потребно многу време и многу знаење за да биде успешна работата во земјоделството“, вели Марко за ,,Агромедиа”

,, Дополнително, голем проблем е немањето квалификувана работна си ла, бидејќи денес не можам да најдам тракторист ниту за 100.000 динари( 850 евра).

Сите сакаат да имаат ограничено работно време и добра плата, но работата во оваа стопанска гранка бара работа во текот на целата година.

Посебно, кога е сезона, тоа мора да се направи без оглед на временските услови, што многу луѓе не сакаат да го разберат.

Полесно им е да одат да работат во државен сектор за 40-50.000 динари, отколку да се вработат овде, дури и да им понудиме 150-200.000 динари.

Изгледа како да им е под чест да бидат трактористи, иако денешните трактори имаат клима, авто-пилот и даваат голема удобност при работа,

Па можеш да седнеш во трактор во бела кошула, да дојдеш на терен и да не се извавлкаш – и покрај овие услови нема работници, вели Марко.