Маја од Куманово со две мали деца нема каде да оди: Останала и без пари и без дом – купила стан кој не постои

Кумановка Маја Данчевска наместо да започне нова етапа во животот со нов дом доби голема главолка и неизвесност.

„Како е можно да завршиме на улица со две мали деца, со кои навистина не знам каде ќе одам“ – изјави Маја Данчевска во прилог на Клан Тв.

Инвеститорката Снежана Петрушевиќ заедно со сопругот Ѓоко Петрушевиќ наместо да градат според дозволата со која се дозволува изградба на приватна куќа, изградиле зграда со 12 стана. Од кои 7 продале, а меѓу тие 7 лица кои купиле стан е и Маја.

„Се договоривме, ние плативме 60% од вкупната цена за станот. Потпишавме купопродажен договор и во меѓувреме чекавме да се преселиме. Кога беше завршена зградата се вселивме и чекавме да заврши како што вели таа техничката процедура, како што велеше тааа, за да ни го предаде имотниот лист.

Кога видов дека нема имотен лист, решив да отидам во катастар каде што ми рекоа дека на ова место нема зграда, таа е наменета за куќа и дека јас сум во заблуда и нема да можам да извадам имотен лист“ – изјави Маја Данчевска.

Откако Маја сфатила што се случува, сопственикот на зградата почнал да се за канува.

За каните Маја ги пријавила во полиција, и иако и се вршел притисок не престанала да се бори за имотот кој го платила и не може да го користи.

Конечно, во 2017-та година Основниот суд Куманово одлучи да и го конфискува имотот на Снежана Петрушевиќ и да ја прогласи за виновна за бесправно градење.

Освен што и се конфискува имотот, ќе биде осудена и на две години условен затвор, но никаде не беше обвинета за изм ама и Маја остана и без пари и без имот.

Иако има правосилна пресуда за конфискација на имотот, сега веќе поранешниот сопственик бара Маја да го напушти објектот, а тоа изненадувачки е прифатено од судот.

Тоа е така затоа што овој имот се уште не е впишан во катастар како одземен од државата, а од друга страна судот не го признава договорот потпишан на нотар помеѓу Маја Данчевска како купувач и Снежана Петрушевиќ како продавач, бидејќи објектот што е продаден легално не постои.

Се обидовме да добиеме изјава и од инвеститорот Снежана Петрушевиќ. Таа не беше дома. Нејзината мајка рече дека не знае ништо за случајот.

Маја е во овие правни лавиринти од 2014 година, а крајот може да биде бо лен за неа и нејзиното семејство.