Мето од кочанско бил бранител и херој во 2001, сега е со последици и заборавен од сите

Љубица Ангелов од кочанско Грдовци иако со своите 83 години, е силна жена, жена која куќата ја држи на свои плеќи, живото не ја милувал и задал големи у дар од кој таа не може да се опорави.

И, иако родила две здрави деца и чекала еден ден некој да ја нарече бабо, таа за жал не го доживува тоа, има син Мето и ќерка Стојка.

Мето како резултат на случувањата во 2001 ке има психички проблеми, а ќерката Стојка поради незгода во Италија денес е сместена во Бардовци.

Секој човек заслужува достоинствен и убав живот. А, човекот кој ќе придонесе за тоа заслужува да биде наречен голем човек.

Баба Љуба е и маж и жена во куќата, храбро чекори, а сепак годините си го прават своето, куќата и е во фаза на распаѓање.

– Никој да не го живее ова моево, кога имам јадам кога немам не јадам, живот во голема неизвесност. Синот веќе 20 години е што се вели во кревет.

– Доаѓам oвде во шеесетите години на минатиот век, тука основам семејство, сопругот ми беше шивач, ни одеше многу добро.

– Моите деца беа едни од највредните и најугледни, јас исто така работев со земјоделие и добро ни одеше, но го изгубив сопругот млада.

– Мислам дека токму и работата ме одржува во живот, еве кога дојде дрва, јас сама ги исцепувам и сама ги редам, вели оваа храбра жена.

– Дојде покана за да замине во Куманово во 2001, јас ја сокрив поканата, но тој ја најде и беше решителен да замине таму.

– И откако заврши тоа тој доби големи последици од тие случувања таму кој ќе му се одразат на неговото здравје и ќе го направат таков како што е сега.

Ваквата судбина ќе довдеде и куќата да и биде под знак прашалник, баба Љуба ќе рече дека во секој момент може да и падне куќата врз глава.

– Ништо не го следува синот, бевме на комисија но не одговорија позитивно, од примања зема само 4.000 денари социјална помош.

– Сакам да ум рам, повеќе не ми се живее, ова повеќе не е живот. После мене не знам кој ќе го гледа синот, јас сум во години, вели во солзи баба Љуба.

– Воопшто не ми се живее, кога легна си велам воопшто да не станам. Не можам да бидам среќна со ништо, немаме ниту тоалет во куќата.

– Најпотребно ми е да имам тоалет овде, и да се средат малку собите. Замислете во сред зиме да одиме надвор, вели оваа скромна жена.

Доколку сакате да и помогнете на баба Љуба и херојот од 2001 тоа може да го направите на телефонскиот број 078 617 817 или на трансакциската сметка 270700069476975 Љубица Ангелова.