Миа Костова се огласи три дена по операцијата: Сметам дека ќе биде подобро за едно месец дена

Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерки, а некогаш со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.

Во една прилика Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

Костова важи за човек без влакна на јазикот и секогаш го искажува своето искрено мислење без разлика дали тоа му се допаѓа некому или не.

Многумина ја сакаат, но не е мал бројот и на оние кои и пишуваат зајадливи коментари. И тоа е нормално, особено кога се работи за јавна личност која нема влакна на јазикот и која излегува од секојдневните клишеа.

Таа и нејзината пријателка Тијана Скулиќ, многу често знаат да ги насмеат до солзи фановите, имитирајќи ги „градските“ скопски фаци, кога во жаргон ги прераскажуваат секојдневните „дешавки“.

„Колку и да изгледа лесно и симпатично, ако веќе навистина имаш инфлуенс врз луѓето тогаш значи многу работа, посветеност, внимавање и активност константна.

Иако се уште во Македонија не сме до ниво кое го добиваат инфлуенсерите низ Европа па и Белград и Загреб, сепак се трудиме. Некои повеќе некои помалку, секој со својот стил и начин.

Инспирација наоѓам во среќата на Андрија, во тоа дека сум хедонист по природа иако не сум нескромна. Испирација ми е секој успех на инста и вртоглава бројка на продадени производи кои сум ги објавила“, изјави Mиа во интервју за „Гламур“.

Костова е секојдневно активна на социјалните мрежи каде рекламира брендови или едноставно споделува моменти од секојдневниот живот, па така беше и овојпат.

Имено, поранешната водителка извршила хируршки зафат на пластична хиру ргија, а од споделените фотографии се гледа дека станува збор за зафат во пределот на окото. Таа се огласи на инстаграм за нејзината состојба и напиша:

Ова е слика веднаш по операција, така што сметам дека ќе биде уште подобро за едно месец дена. Сметам дека др.Пеев има направено ремек дело.