Миле Кузмановски го откри најголемиот проблем со кој се соoчува во Австралија: Тоа се луѓе аматери

За Миле Кузмановски познато е дека е еден од нашите најпознати фолк пејачи, пејач со одличен глас, човек кој знае да направи атмосфера на неговите настапи.

Сепак, тој е најпознат по баладите, и некои го нарекуваат кралот на баладите. Најпозната негова песна која е избрана за песна на векот е секако „Не кани ме“, без која не поминува ниту една седенка или прослава.

Но, „Не кани ме“ не е единствениот хит на Миле, ,,Крал без круна”, ,,Роман”, ,,Презиме” и многу други љубовни песни кои ги отпеал во изминатите години, станаа евергрини.

Миле Кузманоски беше гостин во емисијата Г-Карпет каде зборуваше за неговата кариера, за неговите песни и настапи, па се присети на времињата кога бил во Австралија и го откри најголемиот проблем со кој се соочил таму.

– Најголемиот проблем во Австралија кога ќе заминеш е што таму те чекаат оркестри коишто никогаш не си ги видел. Тоа се луѓе аматери коишто работат некаде цел ден во фирма и онака на слава свират по дома.

И ти си отишол со нив да свириш концерт – тоа е незамисливо. Сега се во моментов Влатче таму, си одат со братчето пошто му е хармоникаш и си ја знае работата.

Ние сме оделе пејач, пејачка и не знаеш што те очекува, не ти ја свири прво твојата музика како треба и ти веќе си нервозен пола енергија ти ја зел.

А се смееш сакаш да ги направиш луѓето среќни тоа е невозможна мисија, но се е школо, заклучува Кузманоски во Г-Карпет.