Милица: Луѓето ме жалеа, можев само да зборувам и трепкам, сега скокам со падобран

Животот на Милица се променил кога имала 15 години. Нејзиниот татко имал сообраќајна не среќа, по што таа била целосно неподвижна од вратот надолу.

Милица Кнежевиќ слушнала милион пати: „А, кутрата, ја жалам“, но никогаш не разбрала од каде на луѓето им текнало да помислат такво нешто.

„Не ме ограничува ин валидската количка. Без неа би била во кревет, а вака можам да правам што сакам“, изјави оваа девојка од Зрењанин за Блиц.

Нејзиниот живот се превртел наопаку кога имала 15 години. Нејзиниот татко имал сообраќајна не среќа, по што таа била целосно неподвижна од вратот надолу.

Можела само да зборува и да трепка. По тешката не згода, која и го променил животот за неколку секунди, покажа дека се можни чуда.

По по вредата на ‘рбетниот мозок, таа не само што закрепнала, иако се изгледало мрачно, туку денес ги остварува своите најлу ди соништа, патува низ светот и ужива во она за што сонуваат повеќето луѓе.

Досега пробала кајак, адаптивно сурфање, нуркање, пливање, пинг-понг, како и рагби воколичка, а скокнала и со падобран од височина од 3.000 метри.

Тоа само докажува дека нема пречки кога човек сака нешто. „Порано ме фру стрираше кога луѓето претпоставуваа дека мојот живот е чиста тра гедија и ништо повеќе.

Сега ме насмеа бидејќи ми е јасно дека тие едноставно не знаат колку е далеку од вистината. Не ме сфаќајте погрешно, живеењето со попреченост не е се виножита и еднорози (како што не е животот).

Некои аспекти на попреченоста воопшто не ми се допаѓаат и со задоволство би ги прескокнала. Има предизвици кои ги немав пред по вредата. Но тоа е е дел од мојот живот и тоа не го прави помалку вреден на кој било начин“, рече таа.

„Порано им беше потешко на нив отколку самата јас. Тоа едноставно ме натера да продолжам понатаму. Знаев дека мајка ми буквално се уништува покрај мене кога плачев“, вели таа.

По рехабилитацијата во Русија и Америка, сè стана подобро. За да ги охрабри и мотивира другите луѓе, Милица започна да го пишува блогот „Избери да живееш“, каде што ги споделува своите искуства.

Таа сака да го привлече вниманието на луѓето да не гледаат жално и со предрасуди на луѓето во инва лидски колички, туку како на луѓе кои имаат и можат да развијат бројни таленти, особено оној за живот.

Покрај земјите од регионот, Милица патувала и во Италија, Холандија, Бугарија, Естонија, а Словенија ја сака поради приспособените патеки и добриот пристап до сите атракции за сите луѓе во ин валидски колички кои не се откажуваат.