Милош во количка пошол по лекови па за малку ќе останал завеан: Тешко е кога сте сами и болни

Кога Милош Караклајиќ, кој долго време боледува од мултиплекс склероза, го напуштил своето село за да земе лекови од најблиската аптека не ни помислувал дека нема да може да се врати дома.

Силното снежно невреме го натерало овој човек да побара помош. Со максимален ангажман на локалната самоуправа и Црвениот крст ноќта ја поминал во Ивањица, а денеска во нивна придружба безбедно стигнал до својот дом во зафрленото село.

– Многу сум им благодарен на сите што ми помогнаа. Затоа што да одев сам во таа виулица, прашање е што ќе се случеше со мене. Тешко е кога си сам и болен, но сепак има добри луѓе – изјави Милош за РИНА.

До пред дваесетина години живееше живот опкружен со пријатели. Во „Јавор“ од Ивањица, каде две децении работеше како механичар, беше омилен меѓу колегите.

За жал, болеста ги прекинала сите негови планови, во 2003 година ситуацијата му станала многу лоша па така тој има отежнато движење.

– Месечно се троши многу пари само за лекови. Постојано ми препорачуваат бањско лекување во Горња Трепча, а таа бања ја имам видено само на слики.

– Порано ситуацијата колку толку се трпеше имав помош од некој роднини, но сега сум препуштен сам на себе да се снаоѓам.

– Најглавно гледам да има само за леб, да можам да го зала жам стомакот дека се јаде нешто, вели овој човек со тешко срце.