Младиот Никола со убава вест до македонската јавност: Ме чека долг пат, но не се откажувам

Во текот на вчерашниот ден заедно со тимот на Медикал Караџи Турс Македонија се вративме од Турција каде ми беа направени потребните испитувања и се утврди текот на моето лекување.

На 24ти Април после Велигденските празници ќе заминам повторно во Р.Турција каде ќе започне моето лекување со соодветните хемо терапии.

Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност и со кои би можел да ви се заблагодарам на сите вас што ми помогнавте на било каков начин, што дониравте, што се организиравте за мене, што ми дадовте уште повеќе сила….

Ме чека долг пат, многу терапии, испитувања, бо рба, но не се откажувам и Ви ветувам дека сега сум уште посилен, знаејќи и гледајќи колку само луѓе застанавте зад мене, како сите се кренавте на нозе за мене со цел да се соберат потребните парични средства и што побрзо да започнам со лекувањето.

Лекувањето кое се утврди дека за почеток ми е потребно и морам да го започнам чини 110.000 евра и благодарение на сите вас успеавме да собереме 90.000 евра, сума која ми беше недостижна и за која мислев дека ќе треба многу време за да ја соберам.

Со ваша помош знам дека ќе го собереме и преостанатиот износ за што ќе ги споделам броевите за донирање и жиро сметката: Броеви за донирање 143 117 Телеком , 143 488 А1, Стопанска банка 200003717578051 – Девизна сметка MK07200004066300617 Никола Георгиев Вашите 100 денари значат живот за мене