Мухамед Зеќири и неговото семејство завиени во црно – блиските и пријателите се простуваат

Мухамед Зеќири, познатиот македонски новинар, а подоцна политичар од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата веќе извесно време е зад решетки.

Зеќири кој беше поранешен пратеник, а подоцна и генерален секретар на Владата завршаи зад решетки каде што се наоѓа и понатаму.

А утрово го дочека та жна вест која и тоа како ќе го допре, со оглед на тоа што загуби ептен близок член на семејството.

Имено поч ина директорот на средното училиште Зеф Луш Марку во Скопје, Фарук Зеќири, инаку брат на Мухамед.

Пријателите на Фарук изразуваат сочуство до неговите блиски и пријатели за загубата. Веста ја потврди и градоначалникот на општина Чаир.

„Со длабока тага денеска ја примив веста за упо којувањето на мојот пријател, директорот на СОУ „Зеф Луш Марку“, Фарук Зеќири.

Фарук ќе остане запаметен по неговата неуморна работа и огромниот придонес што го даде во развојот на образованието. Најискрено сочувство до семејството, колегите, пријателите, студентите, напиша Висар Ганиу.