Нада била наставничка, а денес живее во една соба, гладна и жедна

Животот често пати знае да биде неправеден и су ров, знае да ги покаже своите лоши страни, тоа се страни кој луѓето ќе ги одведеат по поинакви патишта.

Во еден миг може да се смени животот, во една секунда може за 360 степени да се промени се, па така од успешен човек да останеш на просјачки стап.

Слична таква судбина живее тетка Нада од селото Мачковци, таа е поранешна наставничка која денес живее макотрпен живот.

– Не ми е сра м да кажам дека за една недела имам за јадење само еден леб, нема што да кријам тоа за жал е мојата вистина.

– Долги години работев како наставничка по музичко образование, сега немам буквално ништо и живеам во простории на училиштето.

– Имам еден брат, тој ќе ми помогне понекогаш но не е тоа конечно решение, го разбирам има и тој свој живот и мора да мисли и за своето семејство.

– Овде немам питка вода, морам да одам со километри до еден извор за да наполнам вода за пиење, вели тетка Нада пред хуманитарецот Дејан кој ја посети.

– Што се вели нема кој да ми донесе вода, е ако на ова време неможете да си обезбедите вода и леб, не знам која е поентата за понатаму, вели разочарано оваа жена.

– Во последната година ослабнав дури 20 килограми, ваквиот начин на живот си го направи своето, не знам како ќе продолжам, додава таа.

Големиот хуманитарец Дејан Марковиќ ја поседи оваа осамена жена и вети помош во вид на вода и пакети храна, на што таа многу се израдува и не веруваше.