Наум Петрески: Подобро сите да ве нема

Наум Петрески е добро познато име на целокупна македонска јавност, еден од најдобрите македонски фолк пејачи кој на сцената опстојува долги години.

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Често е активен на социјалните мрежи каде знае да сподели по некој свој коментар било да е тоа за некоја музичка нумера или пак нешто поврзано со политика.

Така, овојпат, сподели фотографија на која се напишани некои работи поврзани со Македонија и Македонците, за која Наум не успеа да се воздржи а да не искоментира:

„Подобро сите што не протестиравте да се сокриете и да ве нема“, напиша Петрески во склоп на објавата.