На лет до Скопје во воздух било доста непријатно: Само што слетал авионот во Македонија двајца завршили со лисици на раците

Вчерашниот лет на реалација од Истанбил кон Скопје патниците од редовната авио линија нема по добро да го паметат.

Имено две лица од засега непознати причини за јавноста започнале физички да се пре сметуваат откако авионот бил во воздух.

Случајот го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи на Македонија, од каде додаваат дека две лица се у апсени.

„На 16.12.2022 во 17.00 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ш.(61) и Љ.С.Ш.(58).

Двајцата од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во воздухоплов кој летал на релација Скопје – Истанбул“, велат од МВР.

Двете лица, инаку турски државјани се задржани во полициска станица, каде ќе им биде поднесен соодветен поднесок поради она што го направиле во авионот.