Немаат редовни примања, а никогаш не се пожалиле дека немаат пари – со три деца и четвртото на пат имаат само една желба

Без работа и без редовни примања, семејството Делиќ е вистински пример како се е можно во хармонија, љубов и работа.

Со три деца и четврто на пат, моментално живеат од само од сопствените раце! Иако немаат постојани примања, велат дека се имаат – куќа, земја и имаат сила и за тоа се најмногу благодарни.

Имено, Зулхида Делиќ (28) и Недим Делиќ (40) од градот Уроже, во близина на Сребреник во Босна и Херцеговина, се млада брачна двојка која освен детски додаток за своите деца, нема други приходи.

Со нив живее и неговата мајка, исто така без приходи, но ништо не бараат, бидејќи како што велат, се ќе заработат со свои раце!

Како што објасни, нема помош од самата општина, еднаш отишол да побара помош од нив, но тие го одбиле.

Тврдат дека околу децата има работа и кога има само едно, а камоли кога е полна куќата со нив, но тоа не е проблем за нив бидејќи секогаш наоѓаат начин да не гладуваат,

„Ние се занимаваме со земјоделство, садиме пиперки, домати, компири, кромид, грашок, пченица. Со ова се занимавам од мал и навистина го сакам“, вели Недим, кој објасни дека работи на полетодури и кога врне.

„Немаме работа со редовни примања, но понекогаш излегувам на работа за дневница, иако не можам постојано поради мојата работа во земјоделие.

Тие сакаат да имаат само една крава, за да имаат млеко за децата и за бебето што е на пат.

„Сееме, работиме, се бор име, никогаш не сме барале други. Мораме да се бор име. Никогаш не рековме дека немаме“, објаснуваат од семејството Делиќ.