Нема да верувате во кој македонски град граѓаните плаќаат најскапа вода

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење, најниска цената во Боговиње 7.5 денари, додека највисока во Кочани од 48.79 денари, просечната цена во државата е 27,49 денари за кубик.

Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто, се наведива во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Како што соопштија од Центарот во земјава има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Најголем дел од нив имаат различни цени за „домаќинствата“ и за „останатите потрошувачи“, односно правните лица, фирми или институции. Според истражувањето за цените и потрошувачката во земјава, најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Просечната цена на кубик вода за пиење во земјава е 27,49 денари. Инаку, домаќинствата од Маврово плаќаат само 2,6 денари за кубик, но и 210 денари фиксен месечен надоместок, поради што не се први на листата со најниска цена.

Истражувањето покажува дека првите пет општини со најниски цени за водата за пиење се Боговиње, Теарце, Желино, Врапчиште и Росоман. Додека најскапа вода плаќаат четири општини од источниот регион, Кочани, Делчево, Пробиштип и Берово, како и Свети Николе. За правните лица, цената за кубик вода е најниска за потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик. Останати потрошувачи, просечно плаќаат по 45,25 денари за кубик вода за пиење, што е дури 65 отсто повеќе од домаќинствата.

Правните лица во Желино, Теарце, Боговиње,Тетово и Кривогаштани плаќаат најниска цена, а највисока цена за водата за пиење покрај Скопје, плаќаат и Делчево, Берово, Старо Нагоричане и Велес. Додека во Старо Нагоричане плус се плаќа и фиксен надомест од 87 денари на секоја месечна сметка за вода за пиење, се наведува во истражувањето.

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење, најниска цената во Боговиње 7.5 денари, додека највисока во Кочани од 48.79 денари, просечната цена во државата е 27,49 денари за кубик.

Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто, се наведива во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Како што соопштија од Центарот во земјава има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Најголем дел од нив имаат различни цени за „домаќинствата“ и за „останатите потрошувачи“, односно правните лица, фирми или институции.

Според истражувањето за цените и потрошувачката во земјава, најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Просечната цена на кубик вода за пиење во земјава е 27,49 денари. Инаку, домаќинствата од Маврово плаќаат само 2,6 денари за кубик, но и 210 денари фиксен месечен надоместок, поради што не се први на листата со најниска цена.