Никола Груевски за првпат откри: Биле сигурни и мислеле дека тоа го прави поради мајка му Нада

Не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради кр иминалците во власта. Еве зошто! Во 2009 година Владата ангажираше меѓународна искусна компанија за консултант кој ќе не води низ постапката за изнаоѓање концесионер на македонските аеродроми, Александар Македонски во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид.

Аеродромот беше многу мал, несреден и прилично лоша прва слика за земјата а бројот на летови неспоредливо помал од денешните.
Владата заедно со консултантот работеше на изработка на условите. Баравме нов терминал со шест излези на скопскиот аеродром, два повеќе одколку што ценеше консултантот по сондирањето на мислењето на потенцијалните концесионери кои ги контактирале за да слушнат мислења и реакции, како што што е редот во таа работа.

Во тој момент немаше доволно сообраќај ни за едне излез од зградата каде се патниците директно во авионот. Се бараше и проширување на пистата за да можат да слетуваат многу големи авиони, но и градба на некои хангари, набавка на повеќе против пожарни возила и повеќе други инвестиции.

Исто така се одредија и инвестиции кои треба да се направат на охридскиот аеродром. Но, владата постави уште едно барање кое предизвика големи реакции кај консултантот и пред се кај потрнцијалните концесионери кои тој се обидуваше да ги анимира во фазата уште пред објавување на меѓународниот повик, како и ризик да пропадне тендерот и никој да не се јави.

Тоа беше барањето за изградба на карго аеродром на локација меѓу Штип и Св. Николе, административно на територија на општина Св.Николе, но мошне блиску до Штип, со големина на пистата и на терминалната зграда како што во тој момент беше на скопксиот аеродром, пред да биде даден на концесија.

Искусниот консултант бараше итен состанок во владата на неколку потенцијални и заинтересирани концесионери кои тој се обидел да ги анимира и кои беа транспаренто примени.

Клучното прашање кај сите и поентата на состанокот беше зошто нов аеродром и од сите ни беше кажано дека тоа е голема инвестиција која го прави проектот неисплатлив и плус тоа ќе биде потенцијален загубар за нив, па ако тоа остане тие ќе се повлечат. Тоа беше голема игра на нерви. Тие сакаа да успеат да не натераат да ја повлечеме идејата за нов карго аеродром кај Штип, ние сакавме таа идеја да помине и да го изградат.

Објаснивме дека оваа концесија се дава на 20 години но дека на долг рок ние би сакале преместување на аеродромот од општината Петровец каде е сега, во овчеполието, затоа што оваа локација за овој аеродром во Петровец е одбрана во време кога ЈНА сакала да изгради во ен аеродром и барала терен меѓу планини, затоа што целта била друга.

Денес тоа е главниот цивилен аеродром на една независна држава, и не е добар избор за цивилен аеродром особено затоа што секоја зима има многу магла и масовно откажување на летовите што влијае на бизнисот, на инвеститорите, на плановите и времето на граѓаните и туристите, а и слетувањата не се толку едноставни на ваков терен.

Објаснив дека сакаме околу пола од новата инвестиција да се направи сега со овој договор за концесија и да тоа привремено биде карго но и алтернативен аеродром за слетување и полетување во лоши временски услови, а втората половина по истекот на концесијата во 2030 година, кога ќе се објави јавен повик за нова концесија и тогаш само пистата и терминалите на карго аеродромот изграден меѓу Св. Николе и Штип ќе се прошират и тоа ќе стане главниот аеродром во државата, а овој во Петровец втор, помошен и/или карго аеродром или некоја друга намена.

Објаснив и дека во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец.

Објаснив и дека во меѓувреме ќе изградиме и регионални патишта со четири ленти од Штип кон Кочани, што го започнавме и уште се гради, од Штип кон Радовиш кој исто така го почнавме и објавивме тендер за градба, и кој е веќе завршен и дека патот од Штип до Велес ќе прерасне во регионален со четири ленти што одамна го завршивме.

Со тоа, новиот централен аеродром би бил со одлична модерна и безбедна инфраструктура речиси во сите правци. Објаснивме дека таму теренот е рамен, скоро секогаш има доволно ветар што не дозволува собирање на магла, што и самите ние го гледавме со години при секое од многуте наши полетувања и слетувања во авион, а верувам тоа го забележал и секој друг кој почесто користи авионски транспорт. Секогаш кога Скопје и Петровец беа завиени во магла и спуштени облаци во котлината, таму беше сончево и максимално видливо.

Кажавме и дека јасно ни е дека ако оддеднаш побараме комплетно нов аеродром меѓу Св. Николе и Штип дека тоа нема да е исплатливо на ниту еден инвеститор-концесионер и затоа предлагаме ваков модел во кој во две фази, делумно сега до ниво на карго и алтернативен аеродром, а делумно подоцна до ниво на најголем и централен аеродром ќе се изгради новиот аеродром.

Компаниите ни укажаа дека тоа предвидува дополнителни 80 милиони евра инвестиција, иако нашите анализи покажуваа дека тоа ќе е износ од 60 милиони евра, се разбира според тогашните цени. Сега, по сегашните цени, сега сигурно е помеѓу 80 и 100 милиони евра инвестиција.

На крајот останаа три компании од кои ако добро се сеќавам двете германски категорично кажаа дека ако остане условот за градбата на штипскиот аеродром тие нема да се јават на јавниот меѓународен повик за изнаоѓање концесионер.

ТАВ го тврдеше истото, но низ разговорите чуствувававме дека сепак може да се јават, и тоа се покажа за точно чувство.Она што ние се согласивме во тие разговори беше дека тој карго аеродром нема да мора веднаш од првиот ден да се гради, туку по 10 години односно во 2020 година, што значи дека денес ќе беше готов, пуштен во употреба и од аспект на брзина на пристигнување во Скопје ќе беше речиси сеедно на кој аеродром ќе има слетување кога во Скопје и Петровец има магла.

Во меѓувреме се договори да се изврши прецизно мерење на ветровите на новата локација. Се отцени дека така без инсистирање во огласот градбата да е од првиот ден, има барем некакви шанси да успее операцијата бидејќи на тој начин парите за градба концесионерот ќе ги обезбеди од профитите во првите 10 години, плус нема да има загуби од трошоците за одржување на аеродромот во првите десет години. Се на се тоа беше нешто што барем една компанија ја врати во игра, турската ТАВ која единствена се јави на тендерот кој подоцна се објави.
Другите две компании само заради штипскиот аеродром се повлекоа.

Да не беше штипскиот аеродром ќе имаше уште најмалку два кандидати и Македонија ќе добиеше повисок износ на концесијата што ја плаќаат во буџетот бидејќи ќе имаше реално наддавање. Но, владата одлучи долгорочниот државен и народен интерес да го стави пред краткорочниот.

Кога помина тендерот и дојде време да се потпише договорот, преставници на компанијата ТАВ се обидоа уште еднаш “да си ја пробаат среќата”. Истапија со понуда, дека се спремни да влезе клаузула во договорот дека за износот за кој треба да го градат штипскиот аеродром може да изградат било што друго што ќе им каже владата во еднаков износ.

Рекоа дека се подготвени да ги вложат тие пари, но на тој начин ќе спасат загуби во тие години додека аеродромот е помал, карго, спореден, алтернативен итн, бидејќи по нивни пресметки додека аеродромот во Петровец е главен аеродром, штипскиот би генерирал загуби заради трошоците за вработени, режиски трошоци и сл. кои по нивните пресметки би биле поголеми од приходите на аеродромот.

Владата го одби тој предлог со образложение дека градбата на штипскот аеродром е веќе ОБВРСКА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР И ПРАВНО НЕ СМЕ ДА СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ОД ТЕНДЕРОТ СО ДОГОВОРОТ, дека тоа ја елиминираше конкуренцијата и дека менување на тендерските услови во содржината на договорот со сигурност ќе се смета за из мама и тешко кри вично дело.

Ќе се смета дека намерно било направено така за да се елиминира конкуренцијата во корист на една фирма, па потоа на таа една и се попушта.Ќе се загуби логиката што при поголема конкуренција би добиле и повисока цена на концесија. Со други зборови им кажавме дека таа работа ја завршивме и неможе да се промени.

Се вклучија и одредени дипломати и политичари од Турција да замолат за решение на проблемот и да укажат дека тоа им е важно.
Потоа по некое време дојде нова висока делегација од ТАВ кај мене. Тие анализирале зошто толку многу “сме запнале” за тој аеродром во Штип и помислиле дека тоа има врска со моето потекло, односно дека мојата мајка е родена и првите 14 години од животот ги поминала во Штип, пред да се пресели во Скопје и да се запише во средното медицинско училиште “Панче Караѓозов”. Помислите дека одлуката е заради некакво чувство на локална припадност, можеби некаква носталгија од поминати убави моменти во посета или некои кратки престои во детството во тој град, некакво чуство на долг кон сограѓаните на мојата мајка и сл.

Ни понудија што сакаме тоа да изградат во Штип. Да го разубават градот со 80 милиони евра. “Еве на пример ако вие ни кажете господине премиер можеме да изградиме еден голем хотел од пет ѕвезди таму, ние проучивме дека градот нема таков хотел. Можеме да асфалтираме улици, да ја подобриме инфраструктурата или некое училиште, градинки и сл.”

Ги прашав од каде им е таа идеја дека аеродромот го бараме да се изгради таму само заради локалниот развој на Штип и особено во корелација со потеклото на мојата мајка? Ми кажаа пример во една друга држава (заради дискреција нема да ја спомнам), каде со одобрување на концесијата Премиерот инсистирал да се изгради еден помал аеродром во неговото родно градче од 10тина илјади жители кој тие за да ја добијат големата зделка го изградиле и потоа тоа со години им генрирало загуби.

Се насмеав и им објаснив дека компарацијата е не соодветна и повторно ги кажав вистинските мотиви на владата кои ги објаснив погоре.
Додадов дека за локалниот развој на Штип ние правиме други проекти, како што правиме други и за други поголеми и помали градови во земајта, не одејќи по тоа кој политичар од каде има потекло, туку правевме се, секаде да помогнеме.

Штип го наследивме навистина како град кој беше многу паднат но во тоа време веќе во ек беше отворањето на универзитетот Гоце Делчев што го оживеа градот, се градеше технолошко имдустриската развојна зона која донесе и допрва ќе носи крупни инвеститори и работни места, се градеше хидросистемот Злетовоца што го решаваше проблемот со водата, се подготвувавме за изградба на комплетно нова клиничка болница итн и се сеќавам на крајот на мандатот невработеноста во градот од 17.000 невработени ја бевме намалиле на околу 2.000.

Новиот аеродром сигурно локално би делувал позитивно за Штип и целиот регион, но тоа беше државен а не локален проект, се решаваше друг голем проблем со маглите на скопскиот аеродром и немаше подобра локација од таа.

Така, преставниците на ТАВ сватија дека нема да има одстапки и го потпишаа договорот, го изградија се она што беше предвидено на аеродромот Александар Македонски и сите инвестиции на охридскиот аеродром Св.Апостол Павле, исто така. Ем инвестиција од 200 милиони евра за скопскиот и охридскиот аеродром која не се плаќаше од буџетот туку од инведтицијатс на ТАВ, ем модернизирани аеродроми за Македонија и компанија која и те како знае да разработи аеродтом. Плус планираната инвестиција за аеродром во Штип.

Ние одлучивме државниот интерес да е пред се, како и долгорочно гледано безбедноста на патниците и редовноста во слетувањата и полетувањата. ТАВ како и секоја друга компанија си се бо реше за својот финасиски интерес и тука немаме замерки.

Со нив имавме одлично искуство во соработката потоа и како што е познато аеродромот брзо се разви над сите очекувања, по некоја година беше прогласен за најбрзорастечки аеродром во Европа во групата на мали аеродроми, но освен искуството и високата професионалност на ТАВ, огромен свој удел имаше и владата преку повеќе мерки од кои најважни се субвенциите за ниско буџетни нови авио линии, беа триплирани бројот на авио лини, субвенциите за привлекување странски туристи што бројот на туристи го дуплираше за кратко време, многу инвестиции во нова понуда за туристите во земјата (споменици, нови музеи, фонтани, плоштади, атрактивни градби, атрактивни мостови, Порта, атрактивни градски автобуси, Македонско село, нови хотели со продажба на земјиште за градба по почетна цена од едно евро по квадрат, десет годишна постојана кампања на меѓународни медиуми како CNN International за привлекување туристи во Македонија итн.

И што се случи? Седум години подоцна дојде нова власт. Кору мпирана до коска. Летнати во небо со чувство на божества, оти имале меѓународна подршка затоа што се согласија да го сменат името на државата, нацијата и јазикот, како и историјата.

Во време кога нас ни вршеа политички прогон, не судеа, апс еа, об винуваа, не оцрнуваа со лаж ни обв инувања преку медиумите кои не смееја да се спротистават што заради интерес, што од страв одкако со конструирани обвинение ставија во зат вор еден сопственик на десно ориентиран медиум и уште во две национални телевизии ја запленија целата документација а сопствениците и менаџерите почнаа да ги викаат на сослушувања, во екот на сего тоа, прифатија тоа што не прифативме ние, и што е незаконски и тежок облик на крше ње на условите во меѓународниот тендер, со анекс договор со ТАВ.

Покрај тоа што прифатија незаконски анекс на договор спротивен на тендерот и кој го изигрува тендерот, тие прифатија не за 100, или за 80 милиони евра, не за 60 милиони евра, туку ТАВ да направи инвестиција во канализации, водоводи и друга имфраструктура по повеќе села низ Македонија во вредност од само 45 милиони евра (треба да се истражи дали и тоа е реализирано), за чија сметка со измена на договорот го ослободија од изградба на новиот аеродром на локација каде речиси никогаш нема магла и на само 25 минути возење од Скопје.

И за да се чуствуваат за ептен ербапи, најголем дел од градбата на сето тоа ја темпираа да заврши пред локалните избори минатата година, што не беше доволно да ги спаси од тежок пораз нанесен од измамениот народ.

Тука не можеме да ја обвиниме компанијата ТАВ. Легитимно е тие да се борат за нивниот компаниски интерес и да си ја пробаат среќата со секоја влада. Тоа го прави секоја компанија во светот. Но да ве прашам сите вас…

Дали мислите дека ако приватна фирма на Заев, Кочо Анушев или било кој од останатите “вознесени во облаците” министри во тоа време, би продала нешто за 45 милиони евра ако тоа чини 80 или 100 милиони евра? Ни во сон, нели?

Дали тоа ќе го направеа знаејќи дека е незаконско да не им беше под контрола обвинителството и судовите, најголем дел од медиумите и НВО, а да не знаеја дека амбасадите се спремни се “да проголтаат” само да се заврши се со договорите со Грција и Бугарија? Ни во сон, нели?
Дали тоа ќе го направеа ако опозицијата не беше под тежок политички прогон со недемократски средства и методи и со лажни и конструирани обвиненија, а народот занесен во гледање сеир и забава “кого апсат денес, а кого ќе апсат утре” па наместо тоа се соочеа со реален отпор? Нели, ни во сон?

И дали Заев ви личи на човек што да беа аеродромите негов приватен имот би се одкажал од 1 милион евра, а не пак од 40 или 50 милиони евра?
Потсетувајќи се на онаа видео снимка направена по наредба на обвинителство и судот каде истиот без ни малку срам бара едно евро од квадрат или вкупно 100.000 евра мито од локален бизнисмен кој макотрпно и со многу работа и откажувања го стекнал својот имот, дали мислите дека таков човек би оставил со одлука на неговата влада да некоја приватна компанија заработи 40 или 50 милиони евра, при што неговата влада и особено потписниците од страна на владата на анексот на договорот со ТАВ, свесно да прави тешка злоу потреба со државен меѓународен тендер и пари, без притоа тој да има нешто од тоа? Не ви се верува дека така би направил, нели?

И дали ние воопшто треба да мислиме нешто, или ако имаше нормална а не вистински заробена држава досега оваа банда немаше одамна да биде уапсена и ставена зад решетки наместо да глумат ослободители и чесни луѓе, па уште и другите да ги прават крим иналци со политички прогон?
И после ова треба да ја жалиме Русковска што ка смениле, да ја цениме независноста на Јовевски или да веруваме дека не е длабоко уназадена независноста на правосдниот систем?

Македонија стана приватна прчија на банда предавници на националните интереси кои под меѓународна заштита само заради тие предавства, прават што сакаат, кр адат, реке тираат, прогонуваат конкуренти во политиката, заплашуваат, глумат шерифи, безмилосно кршат закони.

И затоа неодамна напишав дека земјата е во полоша атмосфера од времето од средината на деведесетите кога во полн ек беше кршењето на емб аргото и правењето милиони долари од тоа, шв ерцот со нафтата, цигарите, фри шоповите, тендерите и со што ли не.

И знаете што ќе биде реакцијата на овој текст на “независните” правосудни институции, медими, НВО, па дури и на некои божемни опозиционери?
Иста како за она што го објавив за ОКТА, Фени, Казандол, Иловица, кри миналниот начин на кој беа наумиле и сеуште се трудат да изберат градежна фирма за клиничкиот центар во Скопје и повеќе други:молк “Громогласен” молк

Дел од медиумите бегло ќе го пренесат ова и следниот ден ќе одат на друга тема од типот “силно и одлучно одиме напред”, или локална маргинална тема од типот “снаа нападнала свекор со секира” или одмазднички чекори од типот “обвинителството врши истрага или спрема нови обвинение за Груевски” или “се лизнала кола од пат во неготинско” итн, а ова ќе оди во заборав, апатијата ќе расте а младите и дел од оние на средна возраст ќе бараат шанса да се иселат.

Па нели нормално е знаејќи го ова и уште многу други работи Заев да посакува брзи предвремени избори со однапред направен договор за осум годишна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ потоа и претседателска функција за него, за да се спасува од тоа што го заслужува! И би било нормално на секој, не само во ВМРО-ДПМНЕ, да му се гади од помислата за тоа.