Никола Груевски: Ова не личи на држава, тоа ли е правда

Поранешниот премиер Никола Груевски пред некое време се огласи изреволтиран на Фејсбук страницата и напиша:

Зошто народот треба да собира пари за лекување на некој млад човек осигуран во фондот за здравство? Зошто државниот фонд не ја плати операцијата? На што личи една држава ако секоја или секоја втора недела за некој се собираат пари за лечење?

На што личи една држава која наместо редовно да си купува медицинска опрема и апарати и истата да ја одржува, чека некој да се смилува и да и даде донација? Нема една градба во моментот на некоја нова болница или клиника, а нема ни реновирања.

Нема никакви реформи.Нема програма за континуирана обука на лекарите во најнапредни клиники низ светот, а одеа по 1000 годишно? Зошто вака?Што се случува? Вака беше до 2006 година. Зошто пак?

Претходно пациентите учествуваа со 20% од трошоците, а од први јануари 2013 година плаќаа најмногу 12 илјади денари за лекување во странство. Целиот останат трошок, без разлика колкав е трошокот, го плаќаше државата.

Секако, се формираше комисија од лекари специјалисти кои само требаше стручно да потврдат дека са одредена дијагноза не може да се изврши лекување во Македонија, и потоа државата преку институциите ги покриваше трошоците.

Убаво е и за поздрав е што граѓаните и дијаспората се хумани и дарежливи, но ова не е никаков систем, ова не личи на држава, многу лошо изгледа, многу лошо! И многу тешко за болните.

Додатно, ова ја намалува довербата во системот во очите на секој граѓанин во земјата! Може цел живот да плаќаш здравствено осигурување и ако еднаш се разболиш ти или твоето дете, да треба куќата да си ја продадеш за лекување. Тоа ли е правда? За таква ли правда се бараше власт и глас на изборите?

На младиот матурант му посакувам здравје, успешно лекување и брзо закрепнување, а на власта да биде почовечна, повеќе фокусирана на проблемите на луѓето и да не ги остава граѓаните да молат за милостина токму тогаш кога им е најтешко во животот и се чуствуваат беспомошни, стои во дел од објавата на Груевски.