Никола Груевски отрки што направил за да се спасат некои животи: Понесен од емоциите од она што го гледав

Некогашниот македонски премиер Никола Груевски се огласи повторно на фејсбука:

Секогаш посилните земјотреси кои создаваат поголема воз немиреност особено во регионот, како оној вчера во Грција, не потсетуваат на скопскиот од 1963 година, дури и нас кои не сме биле родени тогаш, но спомените и траумите на нашите блиски-преживеани во земјотресот се присутни во нашите животи.

Тоа пак ме потсеќа на една интересна активност за која малкумина се запознати. Пред неполни 10 години на 26 јули 2013 година градот Скопје организираше настан на плоштадот Македонија во знак на сеќавање на земјотресот во Скопје во 1963 година. Беше точно половина век од немилиот настан кој однесе многу жр тви, над илјада, многу соништа, многу објекти и матерјална шт ета и остави многу лоши спомени.

Имаше одлично осмислена програма на плоштадот Македонија во Скопје од тогашниот градоначалник Коце Трајановски и неговите соработници и многу народ. Дел од програмата беше и еден документарен филм, театарски перфоманс и сл.

Понесен од емоциите од она што го гледав и слушав како сеќавања и потсетувања таа вечер многу размислував за можноста тоа да се повтори но и за градбите во Скопје особено во годините на транзицијата, кога контролните механизми на државата во многу свери во спроведувањето не беа така цврсти како претходно, а дојде и до крах на моралните вредности.

Чустував одговорност дека ако не превземам нешто, ќе имам грижа на совест ако некогаш нешто се случи со лоши последици кои можело да се спречат ако на време се мисли и делува. Уште вечерта веќе имав план.

Промена на законот, со кој сите кои градат згради и поголеми куќи, помеѓу остантите дозволи да мора да добијат и дозвола од институтот за сеизмологија, дека објектот кој треба да се гради е согласно највисоките стандарди за безбедност од земјотрес поставено од нив. Во случај на нов катастрофален земјотрес тоа да биде некаква гаранција.

Размислував дозволата да се дава во две фази, некаде во фазата кога проектот е нацртан до пола, за да се види дали се во добар правец направени работите и дали е добро проектирана статиката или што и да треба да се контролира во таа фаза и потоа ако има пропусти да не мора се од почеток да се прави или преправа кога проектот веќе ќе е готов што секако ќе врши притисок на институтот, и се разбира контрола и дозвола од стручните лица на институтот за сеизмологија на крајот кога проектот е целосно готов и треба да се поднесе за добивање градежна дозвола.

До тој момент никој не го контролираше тој аспект. Законите и правилниците постоеја, но се оставаше на добрата свест, стручност, одговорност и знаење на инжињерите и инвеститите.

Но се прашував, што ако инжињерот, архитектот некогаш потфрли и погреши, или ако несовесен инвеститор сака да заштеди на градежен матерјал?Се потсетив на една остра дебата која ја имав со соучениците и професорката по македонски јазик во средно училиште кога ја обработувавме и дебатиравме за драмата “Парадоксот на Диоген” од Томе Арсовски која беше една судска драма во која му се суди на инжињер по чии грешки паднала зграда и загинале двајца луѓе.

Низ дејствието на драмата беше прикажан животот на инжињерот Драшко, неговото морално пропаѓање и неговите приватни проблеми и севкупна атмосфера вон работните обврски кои допринеле да погреши, тргнувајки од семејни односи, односи со колеги, директор, работници, професори итн, се заедно мноштво причини кои го промениле и дефокусирале што резултирало со негови грешки и голема не среќа.

Драмата завршува со излагањата на обвинителот и бранителот, со закажаната пресуда за утредента. Читателот, односно публиката е таа што треба да му пресуди на инжињерот Драшко!

Во дебатата во класот јас го застапував ставот со кој бев во малцинството дека сите луѓе помалку или повеќе имаат проблеми и предизвици во животот, но неможеме да ослободиме од одговорност инжињер чија грешка усмртила двајца луѓе и паднала зграда, независно какви приватни проблеми имал, колку го разгалил директорот бидејќи бил близок со неговиот татко, колку го променил како личност односот на луѓето, особено затоа што тој добивал предупредувања при градбата од некои колеги, но околностите го направиле арогантен па ги игнорирал укажувањата, опседнат со доживувања од приватниот живот и полн со себе.

Заклучокот таа ноќ ми беше, дека од толку многу градби, може да се појави некој нов “Драшко” или којзнае колку “Драшковци” или некој алчен транзициски газда кој ќе сака да заштеди на матерјал за побрзо да се збогати и во првиот посериозен земјотрес во иднина да имаме голема трагедија, која ако се превземе нешто може да се избегне.

Претпоставив дека многу градежни фирми и инвеститори ќе се против оваа идеја затоа што можеби ќе гледаат на тоа површно и еднострано, како губење време во нивната инвестиција, додатни трошоци, една обврска повеќе и сл., па си реков дека во законот треба да влезе и задолжение за институтот да одговори во законски утврден краток рок, не се сеќавам колкав, но можеби десетина дена и дека трошоците за оваа нова законска обврска за градежните фирми и инвеститотите треба да се многу ниски.

Како и обично, пред да ја предложам идејата на седницата на владата ја тестирав со неколку лица експерти во областа, а секако тргнав од тогашниот директор на институтот за земјотресно инжињерство, но и со луѓе од градежниот бизнис, архитекти, градежни инжињери и сл.
Потоа, на седница на влада ја предложив како идеја и задолживме соодветни институции да се произнесат, па следеа подготовки на текст на Законот, комисии, министерства, парламент…и бидна, по неколку месеци помина законот и стапи на сила.

На почеток имаше повеќе компании кои како што очекував се жалеа, но институтот брзо се реорганизира, ги зајакна капацитетите и брзо работите влегоа во колосек а поплаките исчезнаа.

Сметав и на тоа дека имам некој “кредит” кај бизнис заедницата за еден ваков чекор, бидејќи претходно со проектор “Регулаторна гилотина” укинавме, скративме, поедноставивме или поевтинивме околу 400 процедури, непотребни и скапи лиценци, дозволи од министер, градоначалник или некои служби, решенија на институции кои или времето ги надминало, или некој ги направил за да има некаква важност и моќ итн, и навистина многу им го олеснивме работењето на фирмите во приватниот сектор.

Таква голема акција како регулаторната гилотина никогаш немало пред тоа и потоа. Ја направивме во четири фази, ги викавме многу од менаџерите и сопствениците на компаниите во владата во помали групи на консултации, праќавме тимови од фирма во фирма, се среќававме со стопанските комори итн само со една цел: “кажете ни што во законите при вашето работење ви пречи, ви отежнува, не е логично, не е потребно, скапо е, долго трае итн.

Владини тимови предводени од државни секретари или други високи службеници од разни министерства и институции, во кои имаше по 6-7 луѓе ги бевме пуштиле на терен по фирмите секој работен ден, низ цела Македонија да прибираат поплаки, предлози и идеи од компаниите, при што тие се најавуваа и одеа во самите фирми по неколку часа разговарајќи со менаџментот а потоа белешките од средбите се разгледуваа на седница на влада.

Еден сопственик на фирма се сеќавам ми вели: “четириесет години сум во стопанството и прв пат ми дојде цела свита од владата и министерствата три часа да ме распрашува како може да ни помогне државата, што ни пречи, бараа предлози и идеи, што не функционира, каде и зошто имаме проблеми, просто не ми се веруваше”.

Јас лично како премиер неколку години на моја иницијатива два до три пати неделно канев неколку менаџери и/или сопстевници на фирми на работни средби по два три часа, во групи од 4-5 компании на истата тема: “кажете што да направиме за полесно да работите, ви треба ли некој закон да се корегира и сл.”.

Јас таа пракса на олеснување на бизнисот ја започнав уште како министер за трговија во 1999 година, кога еден куп непотребни дозволи или решенија од министер, ги укинав предлагајќи измена на законите одкако се уверив дека служат само за корупција, па продолжив и како министер за финасии. Но како премиер веќе тоа го правев сеопфатно, а подпретседателот на владата за еконосмки прашања беше задолжен да го координира ова и на почетокот на секоја седница на влада како пред точка накратко да не информира како се одвиваат активностите.

Ова меѓудругото подоцна се покажа како многу важно за да влеземе и тоа со години по ред во групата на 10 држави во светот и меѓу првите пет во Европа (после трите скандинавски земји и Британија), со најдобра бизнис клима на листата на Doing business на светската банка а неколку години бевме прогласувани за топ реформатори во светот, исто така од страна на светската банка.

Но напредувавме и на листата на Давос за конкурентност каде за неколку години се придвиживме за триесетина места што беше успех рамен на подвиг за толку кратко време.

Повремено заедно со економските министри ги викав заедно во влада преставниците на педесетина поголеми странски инвеститори и секогаш главното прашање беше: “кажете ги проблемите, што ви пречи, како да ви помогнеме?”

Сите тие средби траеја со часови дебата, но имаше резултат и инветситорите беа многу задоволни. Секогаш на сите овие средби имаше записничари и записникот одеше на влада, па од таму за секој проблем или поплака, секогаш кога тие беа издржани, се задолжуваше некој министер во одреден рок да предложи измена на закон или подзаконски акт за да им се реши тој проблем, или ако правилно не се применува Законот да се корегира тоа.

Тоа многу помогна инвеститорите кои веќе беа инвестирале во земјата да станат наши најдобри амбасадори пред оние инвеститори кои размислуваат да дојдат и секогаш по правило се распрашуваа кај оние кои веќе инвестирале и работат во Македонија, во смисла какви се нивните искуства и впечатоци.

Најголем дел од тие проблеми и предлози ги решивме и тоа ни помогна за нови инвестиции и многу нови работни места (сега веќе нема такви активности, помина тоа време).

Па затоа после сето ова, тој 26 јули 2013 година си реков дека сега после се имаме “кредит” кај бизнис заедницата кога станува збор за заштита на човечки животи во случај на силен земјотрес, да воведеме една процедура повеќе во делот на безбедноста на градбите.
“Знаете дека нема во други земји таква ригидна обврска за фирмите, па зошто го направивте тоа”, ме праша еден градежен бизнисмен.

“Ова е спротивно на вашите политики, вие постојано му олеснувате на бизнисот, кратите процедури, обврски и трошоци, со тоа ни заштедувате време и пари, а сега ги зголемувате. Ова е спротивен чекор на вашите политики. Зошто?”

Му одговорив: “сакам да имам мирна совест дека во мојот мандат сум направил се што можам, во случај да се повтори таков земјотрес некогаш, (а историјата кажува дека во Скопје барем еднаш во еден век има катастрофален земјотрес, а и остатокот од Македонија не е мирен), да не се обвинувам самиот себе, ако има многу срушени згради изградени во ова време и потоа, со многу жр тви заради фушарско, нестручно, кри минално или незаконско работење.

Кога ќе слушнам вести за силни земјотреси како сега во Грција или пред некоја година во Хрватска и Албанија се потсеќам на ова и сум исполнет и задоволен дека заедно со другите во владата, направив она што беше во моја моќ. Тоа е чекор со кој ќе се спасат некои животи во некое идно време. Макар ако и еден живот се спаси-вредеше!