Никола Груевски порача: Вредеше да се трпат иако многумина ме гледаа чуено и со недоверба

Поранешниот премиер Никола Груевски кој воедно беше и лидер на ВМРО ДПМНЕ повторно на својот фејсбук профил се огласи:

Честито за универзитетот Гоце Делчев од Штип. Ја оправда довербата и пред се одлуката за негово основање, подршка и развој. Вредеше да се трпат сите кр итики и на пади тргнувајки од седниците во парламентот и подоцна во повеќе прилики од дел од политичките конкуренти кои сметаа дека проектот за нов универзитет во Штип е лоша и погрешна одлука!

Дека тоа ќе бил слаб провинциски универзитет кој нема да продуцира вредност и дека е потребна централизација, а не нови универитети во внатрешноста.

Честитки за сите други кои допринесоа за тоа, ректори, декани, професори, професори од други универзитети кои на почетокот помагаа додека новиот универзитет да се комплетира, асистенти, вработени, но и студенти, министри, пратеници и иницијатори.

Првиот обид кога сеуште бевме опозиција во 2004/5 не помина во парламентот. Сеуште немавме мнозинство и неуспеавме да го убедиме СДСМ да даде подршка.

Но во 2006/2007 година кога имавме мнозинство во парламентот патот веќе беше отворен и ветувањето во програмата се реализира. Потоа работевме на негов развој, брз развој. Понекогаш првиот ректор Проф. д-р Сашо Митрев кој одлично го водеше универзитетот знаеше на многуте мои неформални иницијативи да ми рече на само: “премиере да не брзаме премногу со развојот?” Веројатно во нешто и сме избрзале но генерално се направи одлична работа.

Сите добија од овој проект. Не само вработените и научните работници, туку пред се илјадници студенти но и градот Штип, градот уште повеќе заживеа со универзитетот, со слободната економска зона и со автопатиштата.

Ако актуелната власт не го стопираше проектот ќе се изградеше и аеродромот. Доби и цела источна Македонија. И цела Македонија како држава со една ваква научна институција која претходно не постоеше.

Кога го основавме посакував и често говорев дека меѓу другите цели е да биде голема конкуренција на скопскиот универзитет Св. “Кирил и Методиј” бидејќи конкуренцијата е забрзувач на развојот на секого.

Многумина ме гледаа чуено и со недоверба. Универитетот во Штип оддамна е сериозна конкуренција на сите универзитети а со тоа и поттикнувач на нивниот развој, а сега веќе и со потврда и меѓународно признание.

Сите ние кои на еден или друг начин допринесовме за ова да се случи, имаме причина барем за момент да се почувствуваме горди.

Но само за момент, бидејќи Македонија има уште многу да работи на поквалитетно високо образование за да биде поконкурентна во европски и во светки рамки.

Не треба да се биде задоволен ако е некој прв во нешто само во Македонија. Македонија е многу мала држава а има големи потенцијали. За најуспешните, најспособните, најамбициозните тоа треба да е само почеток на успесите. А би рекол и за секого кој има капацитет и сака да успее во било што.