Никола Груевски реши да открие еден свој приватен разговор и искрено да проговори за што дебатирал

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се огласи вечерва повторно на својот фејсбук:

Понекогаш во приватни разговори со добри познавачи на македонската поезија сум водел дебати околу тоа кој е најдобар македонски поет на сите времиња.

Не е лесно да се одговори бидејќи имаме повеќе вонсериски талентирани поети, дел од нив починати, дел сеуште меѓу живите. Не е лесно да се се каже кој е најдобриот помеѓу Кочо Рацин, Никола Јонков Вапцаров, Блаже Коневски, Ацо Шопов, Петре М.Андреевски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски и плејада други познати поети.

Неодамна ја прелистував и се потсеќам на нивните дела книгата издадена од Раде Сиљан “Современа македонска поезија”, издадена во 2018 година од неговата издавачка куќа “Матица македонска” каде на околу 300 страници се застапени по неколку песни од вкупно 25 автори, кои самиот тој како еден од најдобрите познавачи на оваа свера, писател, поет, публицист, издавач и литературен критичар ги селектирал, и читајќи си помислив дека навистина конкуренцијата е огромна а поезијата инспиративна.

Сепак ако треба да се состави некој најтесен избор од на пример три најталентирани поети од Македонија помеѓу најталентираните, се чини дека неминовно е Коста Солев Рацин (1908-1943) да биде дел од тоа не секојдневно и инспиративно друштво.

Неверојатна комбинација на многу мал број одбрани и до перфекционизам синхронизирани зборови и мисла ставени на хартија, како најмилизвучна музичка композиција во која се ужива со затворени очи.

Неверојатен талент! На страна што е безвременски, туку неговата поезија е привлечна да се препрочитува повторно и повторно и никогаш не станува здодевна, напротив при секое наредно читање, восхитот расте.

А човекот бил безмалку самоук. Тоа не значи дека не се образувал, напротив, но од аспект на формално образование, далеку повеќе се образувал неформално како самоук, самиот читајќи од него одбрана литература, проучувајќи, анализирајќи, пишувајќи не само поезија, туку и проза, филозофија, историја, литературна критика итн.

Кочо Рацин има бурна и несекојдневна историја испреплетена помеѓу пишувањето, вљубеноста во неговата сакана Рахилка Фирфова Раца, идеологијата која го води низ животот и политичкиот активизам, синдикализмот, неговата но и севкупна социјална положба во сиромашното општество во кое не се почитуваат основните работнички права, политиката и континуираниот и бурен политичкиот активизам, герилата односно приклучувањеро на партизаните во бо рбата за ослободување од фа шистите и создавање македонска држава,

повеќекратните затворања од различни власти, како југословенските, така и бугарските и германските, филозофојата, особено она на Хегел, и сето тоа е испреплетено низ неговиот збор и мисла, и е голема инспирација на неговите песни и поезија, во кои може да се каже дека доминира социјалната и класната димензија, но не мал е уделот и воопшто неможе да се занемари и неговата силна национална и про-македонска поезија и проза, љубовна поезија итн.

Несомнен голем македонски патриот, бунтовник кој имал многу цврст став по прашањата на кои бил посветен како на сопствена мисија и силен личен интегритет што довело да се спротистави и да влезе во к онфликт со многу автотитети во комунистичката партија и во општеството.

Тој идеолошки и по припадност е кому нист но и исклучуван и деградиран од комун источката партија, па дури и бојкотиран, па потоа до некаде рехабилитиран, и на крајот лик видиран од неговите другари партизани, според некои случајно и по грешка, според други со намера заради премногу силни про-македонски ставови преточени и во неговите дела но и во секојдневниот политички активизам кој мошне бурно и активно го живеел.

Но да не навлегувам длабоко во бу рната биографија и животот на овој вон сериски талент, виртуоз во поезијата и вистински “маестро”на пишаниот збор кој не се сместува само во врвот на македонската поезија туку и во врвот на југословенската поезија додека Македонија беше дел од Југославија,

на овој ден на кој тој е роден, овој славен лик од нашата политичка и литературна историја кој уште во 1939 година во Загреб ја има издадено неговата најпозната стихозбирка “Бели Мугри” на макеоднски јазик цели шест години пред Македонија да добие државност и да се кодифицира македонскиот јазик, (што е директна негација на тезата на некои наши соседи дека макеоднскиот јазик се создал со сила и политички одлуки по август 1944 година)

И кому независно на различните идеолошки погледи за време на владеењето кога јас ја предводев владата на Република Македонија, освен оној споменик што се постави во Велес, Коста Солев Рацин доби и статуа на мостот на македонските великани во уметноста во строгиот центар на Скопје, неговиот лик може да се види и во музејот на Македонската бо рба за слобода и независност, се снимаше и игран филм и документарен филм за него финасиски подржани од владата и мноштво други печатени изданија, публикации, настани организирани во негова чест и афирмација, итн.

Кога станува збор за таков поетски виртуоз и така голем македонски патриот кој на крајот најверојатно и завршува како жртва на своите силни македонски патриотски позиции, едноставно идеолошките разлики исчезнуваат и стануваат неважни.