Нов циркус во Сингелиќ: Она што се случи точно во 14:00 часот не се памети во историјата на македонскиот фудбал

Како што веќе информиравме пред почетокот на средбата од Втората лига помеѓу Пехчево Скопје (Локомотива/Фортуна) и Беласица се случи немил настан.

За истиот јавноста ја информираше клубот од Струмица кој напиша:

Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица,

Додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оруж је.

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!

Мечот воопшто и не започна откако делегатот во официјалниот записник на мечот наведе.

Натпреварот не се оддигра, поради тоа што гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин во 14-00 часот иако беа присутни на теренот, од причина што приавија инц идент пред започнување на натпреварот

(физички напад на 2ца официални претставници) – По нивно укажување.

Судиитенавремено дадоа знак за почеток на натпреварот, од страна на домакините сите услови за отпочнување и одиграње на натпреварот беа исполнети.