Од надежна млада личност поради лекарска грешка Марко станал неподвижен

Марко учел, бил здрав млад човек: Коб ниот ден му застанало срцето, а сега сам не може ни вода да пие.По интервенција поради камен во бубрег, Марко Станковиќ доби пара плегија, поради што му е потребна 100% помош од друго лице.

Судбината си поиграла со младиот Марко Станковиќ, кој има параплегија, на тој суден 29 март 2018 година, кога животот целосно му се променил. Од кога, како што вели мајка му, тој не е истиот.

До тој ден беше сосема здрав, учеше, заврши факултет, имаше соништа и желби кон кои се стремеше и се надеваше дека ќе ги оствари.

А потоа почувствувал неподносливи бо лки во бубрегот, поради што морал да оди на зафат. Освен тоа, како што наведува неговата мајка Горица Станковиќ, тој немал други здравствени проблеми.

– Беше здраво дете, учеше и заврши факултет. Стана дипломиран инженер по менаџмент. Го сакавме најдоброто за него и тој самиот се увери каде живееме, во какво опшество – вели Горица со треперлив глас.

Но, веднаш по интервенцијата почнале да се појавуваат компликации поради кои Марко едвај преживеал, бил префрлрен на рехабилитација, каде закрепнувал две години.

Како што вели, оттогаш не може сам да функционира, повеќе не е тоа што беше: Тие два месеци беше целосно неподвижен, веднаш по интервенцијата.

Не можеше да зборува, беше без кислород до мозокот. Беше како растение – вели Горица која во солзи ја раскажувас судбината пред хуманитарката Тамара Мисрилиќ.

Со помош на добри луѓе Марко се лекуваше во Турција, но сепак неопходна му е помош, освен потребните средства за лекување, Марко живее во недостојни услови, нема бања и нема пат до дома.

Тамара помогнала на многу семејства, па така сега повторно ја рашири приказната за Марко, со надеж дека тој повторно ќе застане на нозе.