Од цел свет Турција одби помош само од една држава

Очите на целокупната светска јавност овие денови се свртени кон Турција и Сирија по настаните што ги задесија.

Бројни спасувачки тимови ширум светот од сите континенти пристигнаа за да помогнат, а тука секако се и од Македонија.

Но државата Турција сепак и одби спасувачи од една држава иако и тоа како е неопходен човек плус на терен.

Турција денеска одби помош за Кипар, кој не го признава како држава. Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „љубезно ја одбила“ нивната понуда за спасувачки тим да помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што првично прифатила помош.

Кипарски тим од 15 спасувачи, лекари и болничари беше во подготвеност од средата.

Кипарското министерство објави дека понудата, иако е одбиена, сепак останува и изрази благодарност до „професионалните спасувачи кои се подготвени да спасат животи насекаде“.

Илјадници турски во јници се стационирани на отцепениот север на кипарските Турци од 1974 година, кога Турција изврши инвазија.

Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по државниот уд ар на Кипар извршен од тогашната владејачка во ена ху нта во Грција, во кој на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција.

Турција е единствената земја која ја признава Турската Република Северен Кипар.

Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар од една и Турција од друга страна.