Падна одлука: Еве како заврши барањето на таткото на Вања Ѓорческа
February 23, 2024
Александар Ѓорчевски, таткото на убиената ученичка Вања Ѓорческа, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена.
Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка.
Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.
Убиецот Љупчо Палевски, според исказите на останатите осомничени, им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.