Панчо ДНК искрено: Сега да ги имам тие мисли, никогаш не би се вратил во Македонија

Без сомнение музичкото дуо ,,ДНК” се најпознат бенд во државата кои опстојуваат 20 години на сцената, Андреј и Панчо 20 години творат музика со која растат многу генерации.

Од неодамна тие го прославија својот 20- ти роденден со спектакуларен концерт во арената Борис Трајковски која беше целосно распродадена.

Од неодамна Владимир Блажев познат како Панчо, беше гостин во емисијата ,,Слободни фрлања” каде зборуваше отворено на неколку теми.

– Голам љубов ми е кошарката, играв овде во Скопје, Горан Крстевски Кичо ми беше прв тренер, одличен тренер можам да кажам.

– Се живееше овде за кошарка, во средно потоа заминувам за Америка, и таму играв за неколку колеџи, играв на позиција плеј.

– Добро ми одеше, но на натпревар доживеав по вреда на кичмата, и потоа не бев доволно финансиски моќен за да останам таму.

– Потоа сакав да се вратам, но види сега да сум со овие мисли, никогаш не би се вратил и не би останал во Македонија, вели Панчо во емисијата ,,Слободни фрлања”

– Јас едноставно дојдов до ситуација да се прашувам ,,што ќе бидам јас ако не бидам кошаркар”. Кога пак би се родил и би бирал што да бидам, дали ова што сум денес или спортист, со две раце би потпишал спортист.

– Кога си дојдов овде, играв уште кошарка, но имав бунтовен карактер, и тоа ми се одрази, почнав да пијам и да пушам, додава Панчо.

– Мое мото во животот и нешто кон кое се придвижувам е да бидам доба човек и да не правам лошо на другите, вели Панчо.

– На ,, Макфест” еден од најпрестижните фестивали кај нас јас бев во комисијата и бев критичен, навистина не задоволуваа.

– Замислете на овој фестивал немаше кој да пее, па со финансиии ги стимулираа да настапат, сумата беше 1.000 евра од изведуачи.

– Би живеел дефинитивно во Америка, јас цел живот аплицирам за ,,Грин карта”, тоа да го имам веднаш би отишол, категорично додава тој.