Панчо ДНК откри кој познат Отец некогаш му бил другар од училиште како и кој манастир му е омилено душевно чистилиште

Владимир Блажев или позонат како Панчо од ДНК важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот.

Тој е познат и како диџеј Шорти, едноставно музичар во душата која долги години со успех опстојува на македонската сцена.

Исто така важи за човек кој си ја сака и почитува државата и е голем патриот што го докажал многупати.

Воедно него го отсликува и хуманата страна, односно хуманите дела што ги прави и важи исто така за истакнат хуманитарец.

Тој чесно на социјалните мрежи знае да сподели по нешто па така беше случајот и овојпат.

Петар или сегашен Отец Пантелејмон мој другар од основно училиште на кои сум особено горд што чекори по Божјиот пат предводен од мојот отец Агатон кои несебично ми ги открива божјите тајни и убавини.

И да не го заборавам манастирот кој ми е моето омилено душевно чистилиште и бегство од секојдневието.