Пекарот Љупчо од Охрид: Сакаме да ја зголемиме цената на лебот – реалната е 1 евро

Во пекараницата на семејството Красничи се произведува леб од утро до мрак. Пред една година од косовскиот град Ѓаковица се преселиле во Охрид, каде пекарството им станува семеен бизнис.

И покрај економската криза и порастот на суровините за работа, не се откажале. Дури и во време кога цената на лебот се зголеми и за 40%, кај нив таа остана речиси иста.

„Јас само овде продавам леб, малку, малку но само овде. Ова ми е фамилијарен бизнис. Трошоци други немам да платам за други работници и затоа не ја зголемив цената“, вели сопственикот на пекарницата, Дане Красничи.

„Јас како што пресметувам, една плата ми оди на трошоци, но не ја кревам цената на лебот. Треба и народот да биде задоволен. Колку е цената кај вас на лебот? Триесет и пет денари“, вели Красничи.

Сопствениците на поголемите пекари пак велат дека ниту сегашната цена на лебот не е реална.

„Ние сакавме да ја зголемиме цената, а не да ја намалиме. Реалната цена на лебот што го произведувам јас во моментот треба да биде едно евро.

Ние во овој момент не сакаме да профитираме, ние гледаме дека нашиот народ е сиромашен. Добивката на лебот во моментот е колку да се преживее“, вели Љупчо Настоски, сопственик на пекарница. Настоски вели дека со ваква криза во работењето досега не се соочиле.

„Тука голем придонес има набавката на брашно, цените на горивото. Стра шно се цените покачени на се. Набавната цена на брашното е скапа, нема попусти, немаме намалувања ни од млинарите. Единствено да работиме со загуби или да затвориме“, додава Настоски.

Земјава не располага со доволно пченица за задоволување на домашните потреби, но проблем се и случувањата во Украина.

„За ова најмногу придонесе и вој ната во Украина. Со тоа што 80% од пченицата се носеше од таму. И тука се соочивме со проблемите и со покачувањето“, додава Настоски.

Велат дека е неопходна помош од државата во вид на субвенции по произведен леб. Во моментот цената на лебот и понатаму е висока и покрај тоа што има благо намалување од само неколку денари. Целиот прилог може да го погледнете на Гласот на Америка.