Пет од Малезија дошла да живее овде и вели: Многу сте некултурен народ

Пет од Малезија се преселила во на Балканот, поточно во српска Мокрина а на социјалните мрежи редовно објавува видео клипови на кои покажува што готви и како ги поминува деновите.

Така во едно видео открива што и се случува речиси секој ден и што не може да разбере кога е во прашање животот во Србија.

„Луѓето зјапаат во мене како да не можам да ги видам, а на децата велат „кинг чонг“ кога ќе поминат покрај мене“, вели таа.

Потоа во едно од следните видеа, одговарајќи на коментарите, таа откри што точно ја поттикнало да го објави ова на социјалнитре мрежи.

„Мислам дека треба да го споделам со другите за да знаат другите, не секој го прави тоа. Јас не реагирам на такви работи.

Инаку, бев на лекар и додека чекав да дојде ред, две жени зјапаа во мене, буквално шепотејќи, а јас намерно ги гледав така. Му реков на сопругот и тој остана затечен“, објаснила таа.

„Ова не е Америка, мнозинството овде се Срби, а ако не сте како нив тогаш ве сметаат за граѓанин од втор ред, ова не е мултиетничка земја, многу некултурен народ, вели оваа жена.

“Не верувам дека сите мислат како тебе. Не можеш да го докажеш тоа, има толку многу прекрасни луѓе во Србија и не знам зошто се случува ова”, и велат на Пет во коментари.

„Тоа е непочитување, жал ми е што доживеавте такво нешто“, е друг коментар кои ги имаше во голем број на социјалните мрежи.

Во Србија сите се убави и прекрасни, но цело време зјапаат во мене и во повеќето случаи тоа не е лошо, јас им се смешкам и тие со насмевка возвраќаат.

Морав да го кажам тоа, почувствував потреба да го споделам тоа со сите. Тоа ми се случи вчера и се чувствував многу непријатно, не секој го прави тоа.