Пејачката Леонтина: Луѓето мислат ако сме познати и имаме пари, но реалноста е друга, немав пари за кирија

Пејачката и композиторка Леонтина Вукомановиќ му гостуваше на водителот Иван Гајиќ во ,,Пулс” и отворено зборуваше за нејзината ситуацја.

Таа вообичаено се повлекуваше од јавната сцена во претходните години и се посвети на работата со деца, иако сега одлучи да каже повеќе за својата кариера.

– Бев најсиромашна кога бев денс пејачка. Требаше да имам доволно пари за да направам видео, да се дотераш и слично.

Живеев под кирија и така еднаш дојдов во ситуација да немам пари да ја платам киријата. А од друга страна, луѓето ве гледаат како славни и познати – изјавила пејачката.

Водителката тогаш истакна дека и денес постои верување дека ако си на телевизија си полни со пари и уживаш во животот.

– Нека зборуваат така. Колку повеќе луѓе зборуваат, толку сте попопуларни. Сепак, времињата сега малку се сменија и дури сега гледаме кој всушност носи скапи часовници и вози скапи авотмобили, додава таа.

– Мислам дека наскоро ќе дојде златното време на поп музиката. Можеби до сега 80-тите беа најдобри бидејќи тоа дефинитивно беше златно доба на поп музиката – изјави пејачката.

– Претходно бев подготвена да потрошам огромни суми пари на креации кои ми се допаѓаат. Банкротирав поради тие мои желби, бидејќи навистина не жалев што потрошив пари на облека што ми се допаѓаше.

Што се однесува до домашната мода, не прашував колку чини нешто – изјави пејачката, која потоа призна дека ма светските брендови никогаш не и обрнувала внимание.