Познатата пејачка: Јас не сум Македонка, не бидете во заблуда

Балканот со сигурност може да се пофали со плеада пејачки кои освен што се надарени со глас, имаат и физичка убавина и изглед кој мами погледи.

Било да е тоа природно или вештачко, сепак ретко кој останува имун на полните усни, длабоките деколтеа или витките нозе стегнати во минич.

Медиумите секојдневно се полни со наслови и вести за бујните облини на некоја позната пејачка, па така и овојпат беше објавено дека покрај српската Теа Таировиќ и Македонија може да се гордее со пејачката Теа Стошевска.

Имено, станува збор за учесничка во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд за која Јелена Карлеуша еднаш изјави дека ќе заработува милиони. Инаку Теа живеела и во Мелбурн – Австралија, а сега живее во Белград. Покрај пеењето, работи како фитнес модел, танчарка и актерка.

Има снимено една своја песна и видео за неа, насловерна „Ум ри машки“ во 2017 год., за која самата ги напишала музиката и текстот.Теа настапува по ноќните локали, клубови и дискотеки, а неретко може да се види и во Скопје и низ Македонија.

Но, по насловот објавен во медиумите дека Македонија може да се гордее со неа, Теа Стошевска се огласи на Фејсбук и напиша:

Благодарам за комплиментите, но дефинитивно сум српска пејачка. Презимето на дедо ми беше Стошиќ, поради вој ните беше сменето против негова волја..

Јас сум Србинка и наскоро ќе објавам текст за моето презиме кое долго време ја збунува и интри гира јавноста.

Секогаш сум среќна што се навраќам во Македонија за да пеам и познавам многу добри луѓе таму, но едноставно, јас не сум Македонка. Не бидете во заблуда. Позз и љубов до сите мои Македонци!