Познатиот пејач искрено открива: Не мислам дека сум пример за младите, не сакам ќерка ми да биде како девојките во моите песни

Еден од најпопуларните рапери во регионот, Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, во последно време напорно работи и настапува, полнејќи ги клубовите до последното столче.

Војаж имаше кратко интервју за Бекстејџ Македонија каде откри кои се неговите музички планови, како и дали мисли дека постои судбина или ние си ја креираме.

– Јас не верувам дека некаде нашата судбина е запишана и постои затоа што мислам дека Господ ни дал слободна волја да правиме што сакаме и дека нашиот живот го проектираме онака како што ние сакаме така да јас во тоа верувам.

Но, дефинитивно јас својата слободна волја ја искористив на најдобар можен начин, да не се насочувам во таа негативна смисла туку своите квалитети и таленти да ги препознаам и да ги насочам во нешто општествено корисно и интересно.

Не мислам дека сум пример за младите, не мислам дека сум пример за било кој, па искрено затоа што, прво да почнеме од музиката, работите за кои пеам во песните и за кои зборувам и тие девојки кои ги опишувам во песните на пример никогаш не би сакал таква да биде мојата ќерка.

Иако јас пеам за тие одвратни работи не дај Боже да биде таква ќерка ми, или во Балкан и во Детство каде што баш зборувам за кри миналот, не сакам син ми да биде кри миналец, тоа се едноставно комерцијални работи, вели младиот пејач.