Познато колку Македонци лани добили бугарски пасош и на кое место сме на оваа листа

Општо познато е дека голем број Македонци во минатото, но според последните информации и тековно се здобиваат со бугарски пасош.

Пред се тоа е од финансиски аспект, за да обезбедат полесно работа во некоја од поразвиените западно европски држави.

Според податоците на Комисијата за бугарско државјанство лани вкупно 7.410 лица се стекнале со државјанство врз основа на бугарско потекло, бугарски државјанин како родител или општа натурализација.

Ова се податоците кои ги објави бугарскиот весник Сега, врз основа на извештајот доставен до претседателот на Бугарија, Румен Радев, што годишно му го доставува Комисијата за државјанства.

Бугарското државјанство им било вратено на 2.660 лица. Според Комисијата за бугарско државјанство, лани 1.992 Македонци добиле бугарски документи.

Втори на листата се Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356).

Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство.