Потег за восхит на Михајло: Изградил куќарка во планината во која може секој да се засолни

Во планината Тара неодамна беше изградена куќарка од младиот студент Михајло Паниќ (23) од Ужице. Бунгалов е на располагање на секој што ќе залута по оваа пошумена планина, а престојот во него нема цена, туку е потполно бесплатен.

Тара е една од најпосетуваните планини во регионот и вистински бисер. Туристите доаѓаат на оваа планинска убавина во сите годишни времиња, но најмногу во зима.

Поради тоа што е на многу голема надморска височина, често е опкружена со густа магла, а самата е многу пошумена планина, која може да збуни многу нејзини посетители и да ги изгуби и покрај обележаните пешачки патеки.

Овој проблем неколку пати го загрижил младиот Ужичанец, па дошол на идеја и со поддршка од неколку луѓе дизајнирал и изградил бунгалов среде шума.

Веќе кога почнал да го реализира проектот, на помош му дошле пријателите, таткото, дедото и соседот кој е мајстор кој за петнаесетина работни часа го завршиле овој бунгалов.

– Неколку пати се најдов во не згодни моменти на Тара кога морав да преноќам под шаторот во кој кампував и често се смрзнував.

Подоцна се преселував во напуштени колиби кои беа многу трошни. Тоа најмногу ме мотивираше да изградам бунгалов, кој пред се ќе ми служи мене, но и на другите“, објаснува Михајло.

Овој амбициозен млад човек поминува многу време на Тара, а особено е задоволен што бунгаловот не го користи само тој, туку секој што сака.

За престојот таму нема цена, а како што вели Михајло, нема намера ниту во иднина да го наплаќа користењето на своето катче.

Само како возврат и знак на благодарност кон домаќинот, корисниците на бунгалов треба да го исчистат по нивниот престој, за да остане чист за следните гости.

– Досега имам изградено само еден, но планирам да изградам уште еден бунгалов со сличен облик и дизајн, освен што ќе го користам материјалот од старата колиба. Покрај нив, имам намера да создадам и области за кампување“, додава Паниќ.

Иако неодамна го изгради бунгаловот, тој веќе беше домаќин на првите гости, а тие беа ловци. За новата година му се најавија планинарите, па тој заедно со нив ќе ја пречека новата година.

Во моментов, две лица можат да спијат во бунгаловот, но Михајло работи на тоа најмалку три лица да можат удобно да престојуваат во домот.