По 25 годиниа фамилијата Шанговски од Канада си дошле во Македонија, но ни на сон не можеле да помислат со што ќе се соочат

Кочанската болница ја бранува уште еден случај. Како малку да беше украденото комбе, пресметката помеѓу персоналот, како и конкурсот за прием на доктори, па сега ни доаѓа уште еден.

„Оставете број, ако ум ре ќе ви се јавеме“ – вака бил примен сопругот на Фредерика во кочанската болница, откако во понеделникот му се с лошило и побарале лекарска помош.

„Голготата почнува во понеделникот сабајле во 4 часот, му се с лошува викнаме Брза помош и го носат во болницата. Никогаш не испраќаат луѓе способни да помогнат, го носевме со полицајци. Го примија во болницата и ни рекоа „Оставете број, ако ум ре ќе ви се јавеме“ – раскажуав Фредерика.

Откако неколкупати биле вартени назад и не им дозволиле да го посетат сопругот и татко Кочо, на крај имале среќа да влезат на посета во соба број 10. Гледтката била ст рашна бидејќи никој не водел грижа за пациентите во болницата.

„Беше мокар, од овде надоле. Успеавме со ќерката да го пресоблечеме. Целиот беше мокар. Докторките од Интерно они не дозволуват посети и ни кажаа да си заминеме.“ – продолжува Фредерика.

Собата ладна, сликата од снимањето не прочитана. Фредерика вели дека ситуацијата во кочанската болница е повеќе од очајна. Тие правда ќе бараат по сите институции, за голготата која ја живеат изминатите неколку дена.

„Собата беше ладна, велат дека е топла, но собата беше ладна ние кога отидевме првиот пат. Сега никој не сака да разговара со нас.

Сакав јас тој повторно да се снима, отидевме од сабајле, рекоа ми дојдете после пладне. Отидевме после пладне дадеа ни ја сликата без да се прочита. Таа слика треба да се прочита. “ – додава Фредерика.

Инаку фамилијата Шанговски живее и се државјани на Канада од каде по 25 години решиле да си дојдат во родната татковина на годишен одмор.

Додека таткто и сопругот Кочо е во болница и се бо ри за живот, сопругата Фредерика и ќерката Викториа се во неизвесно и најавуваат правдата ќе ја браат низ институциите.